САРАЕВО

ДЕН 1 (29.12.2021 / среда): ОХРИД – БИТОЛА

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 16.30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 17.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

ДЕН 2 (30.12.2021 / четврток): МЕЧАВНИК (ДРВЕНГРАД) – ВИШЕГРАД – САРАЕВО

Пристигнување во Мокра Гора во утринските часови...посета на уникатното етно село „Дрвенград“ изградено од прочуениот режисер Емир Кустурица. Слободно време за кафе-пауза и обиколка на објектите во етно-селото. Влез во БиХ преку г.п.Котроман – пристигнување во градот на Иво Андриќ – Вишеград...посета на мостот на реката Дрина, опеан во неговото ремек-дело „На Дрини Чуприја“, амбиенталната целина „Андриќ град“...патот продолжува кон Сараево. Пристигнување во Сараево во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за уживање во СПА-центарот на еден од најубавите хотели во Сараево...вечерта – по желба – ноќна прошетка низ Баш Чаршија. Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3 (31.12.2021 / петок): САРАЕВО

Појадок. По појадокот – разглед на градот со стручен водич...почнуваме од амбиенталниот парк „Врело Босне“ (изворот на реката Босна – влезницата не вклучена во цената и изнесува 1,5 €), панорамски разглед на дел од градот...Грбавица, Олимписките борилишта, центарот на градот, како и Парламентот од каде и почнува пешачката тура...Инат Кула, Баш Чаршија, Латинскиот мост на Миљацка, местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Гази Хусреф-Беговата џамија, Ферхадијата, Еврејската синагога, Католичката катедрала, како и Соборната црква Раѓањето на Пресвета Богородица...слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг...враќање во хотел околу 17.00 часот. Вечерта – ДОЧЕК на НОВАТА 2022 година!!! (на отворено или ALL INCLUSIVE свечена вечера со музика, организирано во самиот хотел). Ноќевање.

 

ДЕН 4 (01.01.2022 / сабота): САРАЕВО – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР

Појадок. По појадокот - слободно време за индивидуален разглед на градот, или Ви нудиме факултативен полудневен излет по долината на Неретва, посета на Коњиц и Титовиот бункер – познат и како АВК (Атомска Воена Команда), направен да го заштити Југословенскиот Претседател, како и 350 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад...АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава...патувањето продолжува за Мостар – најважниот град во Херцеговина...посета на старата чаршија, Камениот мост (16.век) – ремек-делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија...слободно време за одмор, или индивидуален разглед на градот...поаѓање за Сараево, со попатна посета на Јабланица – можност за ручек во некој од рестораните покрај магистралата, со преубав поглед на Неретва...враќање во хотел во касните попладневни часови. Ноќевање.

ДЕН 5 (02.01.2022 / недела): САРАЕВО – БИТОЛА – ОХРИД

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободно време за шопинг во центарот (посетете ги BBI или SCC трговскитe центри – препорака) до 13.00 часот, кога е и предвидено поаѓање за Македонија...пристигнување во Македонија во касните вечерни часови.

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ: 8.190,00 денари

ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Автобуски превоз на горенаведената релација;

Разглед на Сараево со стручен водич;

3 НП (шведска маса) во Сараево хотел со 4*;

Посета на Мокра Гора (Дрвенград);

Посета на Вишеград;

Организирани ТРАНСФЕРИ - без доплата од Прилеп, Велес, Скопје и Куманово;

Организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА на АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативните излети и посети;

Влезниците при посета на културно-историските споменици:

Полудневен излет по долината на реката Неретва (Коњиц – Мостар – Јабланица) 4-от ден – 40 € по лице (автобус+влезница за бункерот и разглед на истиот со стручен водич+посета и разглед на Мостар со стручен водич) – минимум 30 патници;

Свечената вечера за дочекот на Новата 2022 година во хотелот (ALL INCL) – 40 € по лице;

ТРАНСФЕРИ од Струга, Охрид, Кичево – 10 € по лице;

Патничкото осигурување;

Влезница за Дрвенград – 2,5 € по лице.

Хотелот ХОЛИВУД**** (www.hotel-holywood.ba) е сместен во центарот на Илиџа, зелената оаза на Сараево, располага со таверна, 4 ресторани, конгресен центар, слаткарница, кафе Холивуд, wellness центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијар...). Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот. Бесплатен бежичен интернет (WI-FI) е достапен на целата територија на хотелот, купатилата се опремени со џакузи када или хидромасажен столб, фен...сите 418 луксузно опремени соби и апартмани се исклучително пространи и вкусно наместени, со SAT TV, локална TV, како и PAY TV.

ПОТРЕБНИ COVID – документи за ВЛЕЗ во Б и Х (за Р.Србија моментално не е потребен никаков документ):

-          Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Б и Х

-          Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Б и Х 

-          GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од било кој производител

-          СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Б и Х)

ОПИС на ФАКУЛТАТИВАТА:

-          АТОМСКИОТ БУНКЕР на ТИТО во КОЊИЦ

Атомската Војна Команда, позната и како АВК или бункер на Тито, е поранешен нуклеарен бункер и воен команден центар лоциран во близина на градот Коњиц во Босна и Херцеговина. Наменет за заштита на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и до 350 членови на неговиот потесен круг во случај на нуклеарен конфликт. Структурата се состои од станбени области, конференциски сали, канцеларии и други области. Бункерот остана државна тајна сè до распадот на Југославија во 90-тите години на минатиот век. Изградена меѓу 1953 и 1979 година во рид во подножјето на планината Златар, АВК е најголемото атомско засолниште и еден од најголемите подземни објекти некогаш изградени во поранешна Југославија. Повеќе од десет години по нејзиното завршување, таа беше најтајната воена инсталација во земјата. Сите градежни работници беа внимателно избрани и проверени, потпишаа договор за молчење, а сите членови на персоналот поминаа највисока безбедносна проверка. Во 1979 година, работата беше завршена по 26 години и беа потрошени 4,6 милијарди долари за трошоци за изградба. 

НАПОМЕНА: За изведување на овој аранжман – потребен е минимум од 40 патници. За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.

-          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

-          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

-          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

-          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

За отказ на резервација важат опшите услови, односно:

- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean