САРАЕВО | ВИШЕГРАД 

01 ДЕН (петок – 06.12.2019): БИТОЛА – САРАЕВО

Поаѓање за Босна во попладневните часови. Патувањето е во текот на ноќта, со попатни застанувања. Истото се реализира преку Република Србија. По возењето низ прекрасните балкански рејлефи, автобусот пристигнува во градот со длабока историја. Градот кој е жив сведок за многу империи коишто војувале на Балканот. Пристигнувањето во хотелот е предвидено во утринските часови. Патниците добиваат време за одмор предводено со топло босанско кафе, чај или благо. Сместувањето во хотелот е предвидено по 14:00 часот, а во меѓувреме, патниците може да се ја променат гардеробата во просториите на хотелот, каде што воедно се оставаат куферите. Сместувањето е во населбата Илиџа којашто е на 10 километри од центарот на градот.

02 ДЕН (сабота – 07.12.2019): САРАЕВО

По паузата, групата започнува со реализација на програмата. Нашата агенција наместо автобуски превоз, одлучи да ви го долови Сараево на еден поинаков начин. Односно да го изнајми познатиот сараевски трамвај, кој поминува низ најпознатите места во градот. Трамвај линија којашто го поврзува новиот дел од градот кој е создаден за време на Југославија, па преку стариот град којшто е во типичен австро-унгарски стил, па се до срцето на градот, а тоа е старата отоманска чаршија! “Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“.Тој е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат една џамија,католичка црква,православна црква и синагога во исто соседство. Сараево е главен град на Босна, каде минува реката Милјацка. Град со околу 400.000 жители, бурна историја. Сараево е град домаќин на 14-те Олимписки игри кои се оддржаа во 1984 година.

Програмата започнува во 09:30 часот:

09:30ч– Средба со локалениот водич и поаѓање кон Башчаршија со трамвај. Возењето од Илиџа до Башчаршија трае околу еден час, вистинско уживање во градот, надополнето со раскажување на приказните од локалниот водич. По пристигнувањето на нашата посакувана дестинација, групата продлжува на едночасовен разглед со водичот., а потоа следува слободно време за ручек. Во договореното време, по завршување на паузата, групата се упатува кон најстарата пивница која била под строга контрола од Отоманската Империја. (Факултативна екскурзија)
По посетата на пивницата, групата добива слободно време, а по слободното време, се собира на договорена локација и се упатува назад кон хотел.

Првиот ден ни завршува со групна седенка во некој од локалните ресторани или кафеани. 

20:30ч– Посета на ресторан или кафана (Факултатива)

03 ДЕН (недела – 08.12.2019): САРАЕВО – МОСТАР – САРАЕВО

Разбудени од босанските импресии, вториот ден ни започнува со појадок во хотелот кој е од 07:00ч – 08:00ч. По појадокот групата заминува кон Мостар. Градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Во Мостар групата го разгледува градот со локален туристички водич. Се посетуваат стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани кадешто може да се најдат најдобрите босански кебапи. По збогувањето со Мостар, Јабланица не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Во Јабланица групата ќе има слбодно време, а потоа враќа назад кон хотелот.

Денот не завршува овде. За нашите шопингхоличари патници, Ескејп во рецептот допиша и ноќен шопинг во Сараево со посета на трговскиот центар „City Center“. Во овој трговски центар се задржуваме се до неговото затварање. По шопинг, останува да се почастиме со пијачка во некој од локалните кафулиња во центарот на градот. Во договореното време, групата автобуски се враќа назад во хотел. 

04 ДЕН (понеделник – 09.12.2019): САРАЕВО – ВИШЕГРАД – БИТОЛА

Појадокот во хотелот е од 07:00ч- 09:00ч по што следува одјавување од собите и поаѓање кон Вишеград. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за ручек, крстарење на Дрина (факултатива) или посета на Каменград.
Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење и пристигнување во Македонија во раните утрински часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.270,00 денари – за УПЛАТА до 25.11.2019 година

Редовна цена на аранжманот: 7.130,00 денари


Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на релација Битола  – Сараево – Битола
– 2 ноќевања во хотелско сместување со појадок во населба Илиџа (10км од Сараево)
– Посета на Вишеград
– Придружник за време на патувањето од страна на агенција

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Целодневна трамвајска тура со локален водич во Сараево и посета на најстарата пивница- 20 евра
– Посета на Мостар и разглед на градот со локален водич, како и посета на Јабланица- 20 евра
– Туристичка такса (2евра по лице) - задолжителна доплата во автобус
– Организирана традиционална вечера-/ (Доколку има интерес ќе се реализира)
– Ноќна посета на Сараево со автобус и посета на трговски центар
 10 евра

Босански пакет (Вклучени сите факултативи и туристичка такса) – 45 евра (Попуст 7 евра)


Поради огромниот интерес и ограничените места во автобус, договор за патување може  да склучат патниците коишто ќе уплатат за „Босанскиот пакет“, односно во истиот договор за патување, агенцијата потенцира за согласноста на патниците. 
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА ВО АВТОБУС!
Организирана традиционална вечера не е вклучена во пакетот.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување