
САРАЕВО
1 ден (петок – 27.04.2018): БИТОЛА
Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 16:30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 17:00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.
2 ден (сабота – 28.04.2018): САРАЕВО
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Панорамски разглед на градот... Баш Чаршија, Парламентот, местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта... Сместување во хотел. Слободно време за краток одмор. Во вечерните часови слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден (недела – 29.04.2018): САРАЕВО – ВРЕЛО БОСНЕ – МОСТАР
Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет до убавиот извор на реката Босна – Врело Босне и Мостар, градот кој со својата специфичност неретко е инспирација за културните дејци од Балканот... прошетка низ старата чаршија, мостот на Неретва... враќање во Сараево во вечерните часови. Ноќевање.
4 ден (понеделник – 30.04.2018): САРАЕВО – ВИШЕГРАД – МОКРА ГОРА
Одјавување од хотелот и заминување од Сараево, со попатна посета на Вишеград – прошетка по надалеку прочуениот мост на Дрина, ремек делото на Мехмед Паша Соколовиќ...Продлжуваме со посета на Мокра Гора каде се најдува Музејот на отворено - Дрвениот град на Емир Костурица и една од главните атракции како единствената туристичка - музејска железница “Шарганска Осмица”. Продолжување на патот за Македонија преку Р. Србија... ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
5 ден (вторник – 01.05.2018): БИТОЛА
Пристигнување во Битола во утринските часови.
Цена на аранжманот: 4.840,00 денари
Цената на аранжманот вклучува:
-
Организиран превоз на горенаведената релација
-
2 ноќевања со појадок во хотел во Сараево
-
разглед на Сараево со стручен водич
-
посета на Вишеград
-
посета на Мокра Гора
-
организација, водство и реализација на аранжманот
Цената на аранжманот НЕ вклучува:
-
посета на Врело Босне и Мостар – 10€ по лице
-
патничкото осигурување
Напомена:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.