

ST. GEORGE PALACE 4* - Bansko
Локација: Комплексот е на 800 метри од главниот ски лифт, и само на 200 метри од главната писта, која започнува од врвот на планината до првата станица на жичарница.
Апартхотел Saint George Palace е нов луксузен комплекс во планинскиот град Банско во Бугарија. Комплексот нуди стилски и комфорни апартмани и студиа, завршени согласно меѓународните стандарди со природни материјали, вклучувајќи камен, гранит и мермер. На територијата на комплексот има модерен ресторан, уникатен панорама и спортски бар, детски клуб, како и сопствена ски-гардероба за вашата удобност.
Капацитетите вклучуваат СПА центар со фитнес сала, сауна, турска бања, џакузи и еден од најголемите затворени базени во Банско. Внатрешен двор- Патио и прекрасно одржувани градини. Целиот имот има мрежа со безжичен интернет. Сите објекти се достапни на сите гости неограничено, единствено СПА процедурите се плаќаат дополнително.
St. George Palace 4* - BANSKO




















