РОМАНИЈА

1 ден (среда – 07.03.2018): ОХРИД – БИТОЛА 

Трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола и поаѓање за Романија во 15.00 часот. Патот води преку Скопје, Куманово, Крива Паланка, Плевен, Русе...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (четврток – 08.03.2018): СИНАЈА 

Пристигнување во малото монденско место во подножјето на Трансилванија, во утринските часови. Факултативна посета на еден од најубавите замоци во Европа – кралскиот дворес PELES (1873 год.), кој го изградил првиот (и единствениот) крал на Романија – Карол I, кој потекнува од Германија и го изградил како своја летна резиденција. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор, или индивидуален разглед на најпознатото туристичко место во Романија...вечерта – факултативна вечера со комплетно мени и програма. Ноќевање.

3 ден (петок – 09.03.2018): БРАН – БРАШОВ 

Појадок. По појадокот – факултативна посета на замокот Бран, каде бил заробен Влашкиот владетел Влад Цепеш – познат како гроф Дракула. Продолжуваме за градот Брашов – музеј на отворено, град заштитен од UNESCO…разглед на старото градско јадро, црквата Biserica Neagra (Црната црква), најголема Готска црква во Југоисточна Европа, плоштадот Свентлуј...враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4 ден (сабота – 10.03.2018): СНАГОВ – БУКУРЕШТ 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Снагов – посета на островот каде се наоѓа гробот на Дракула. Продолжуваме за Букурешт – панорамски разглед на градот со стручен водич...плоштадот UNIRII, палатата на Победата, палатата KALjA VICTORIREJ, ATHENEUM-от (седиштето на Романската филхармонија), палатата KANTACUSINO, Националниот Историски музеј, домот на Армијата, Парламентот на Романија (втор најголем објект во светот – по Пентагон), Патријаршијата, Триумфалната Капија...слободно време за индивидуален разглед на градот или посета за шопинг во ТЦ AFI Palace или UNIRII. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

5 ден (недела – 11.03.2018): БИТОЛА – ОХРИД 

Пристигнување во попладневните часови.

Цена на аранжманот: 6.990.00 денари

Начин на плаќање: 30 % од износот при резервација. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – 10 дена до поаѓање.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • Разглед на Букурешт со стручен водич

  • 2 НП во хотел со 3*

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

  • Организирани трансфери БЕЗ доплата од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје, Куманово.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативните излети и посети

  • Патничкото осигурување

 

Цени за факултативата: Факултативен излет до Брашов со стручен водич (со посета на замокот Бран) – 20 € по лице (минимум 25 патници), Влезница + стручен водич за PELES замокот – 20,00 € по лице (минимум 25 патници), Свечена вечера со комплетно мени, музика и програма – 20 € по лице.

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 25.02.2018 година

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување