РИМ | НЕАПОЛ | СОРЕНТО | БАРИ

1 ден (вторник – 05.03.2019): ОХРИД – БИТОЛА 

Поаѓање за Драч во 14.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан...денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч - сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот.

2 ден (среда – 06.03.2019): БАРИ – НЕАПОЛ – СОРЕНТО 

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол околу пладне...панорамски разглед на градот, со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Кастело Нуово, Театарот Сан Карло, палатата Реале, црквата Сан Франческо, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Да Матео...сместување во хотел. Слободно време или факултативна посета на Соренто со стручен водич...прошетка низ центарот на Соренто...плоштадот Тасо, црквата Св.Антонио, вила Комунале, улицата Виа Корзо Италија...слободно време за индивидален разглед на градот. Состанок на групата на претходно договореното место во 20.30 часот. Враќање за Неапол.  Ноќевање.

3 ден (четврток – 07.03.2019): НЕАПОЛ – РИМ 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим околу пладне...разглед на градот со стручен водич...базиликaта „Сан Џовани Латерано“, базиликата Сан Клементе (црквата каде што се наоѓа гробот на Св.Кирил), Колосеумот, Римскиот Форум (стариот град), Кампидолио, како и плоштадите Пјаца Венеција, Фонтана Ди Треви и Шпанските скали. Слободно време за шопинг, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден (петок – 08.03.2019): РИМ 

Појадок. По појадокот – факултативна посета на Ватикан : Ватиканските музеи и Систинската капела – ремек делото на Микеланџело, базиликата „Св.Петар“, Адриановата палата, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во 18.00 часот. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден (сабота – 09.03.2019): РИМ – БАРИ 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бари. Пристигнување во Бари во попладневните часови...посета на базиликата Св.Никола, со поклонение на неговите мошти, прошетка низ стариот град, катедралата Сан Сабино...трансфер на траект околу 20.30 часот. Поаѓање за Драч во 23.00 часот.

6 ден (недела – 10.03.2019): ДРАЧ – БИТОЛА – ОХРИД 

Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Трансфер за патниците од другите градови. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 13.790,00 денари – за УПЛАТА до 01.02.2019 година!

Редовна цена на аранжманот: 14.390,00 денари

Начин на плаќање: 30 % од износот при резервација. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – 10 дена до поаѓање.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • Разглед на Неапол со стручен водич

  • 1 НП во Неапол во хотел со 3* 

  • 2 НП во Рим во хотел со 3*

  • Разглед на Рим со стручен водич

  • Бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч – Бари – Драч (доплата за кабина – 15 € по лице во правец, пријава со самата резервација во агенцијата)

  • Посета на Бари

  • Организирани ТРАНСФЕРИ - без доплата од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово

  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативните излети и посети

  • Влезниците при посета на културно-историските споменици

  • Патничкото осигурување

  • Метро карти за движење низ Рим (ќе бидат потребни 3 карти, 1 карта чини 1,5 €).

ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА:

Факултативна посета на Соренто – 10 € по лице (трансфер + локален водич – минимум 25 патници),

Ватиканските музеи заедно со Сикстинската Капела – 35 € по лице (влезница + водич + слушалки) (препорака).

Напомена: 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Патните исправи треба да бидат со важност од минимум 180 дена од денот на завршетокот на аранжманот. Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните исправи. Застанувањата поради попатни одмори (паузи) се предвидени на секои 3-4 часа возење на попатните рест-ареи, а во зависност од расположливоста и капацитетот на рест-ареата и условите на патот. Распоредот на седење во автобусот компјутерски се одредува, во зависност од капацитетот и типот на истиот.

 

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 20.02.2019 година

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување