1 ДЕН (сабота – 28.12.2019): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 11.30 часот. Поаѓање за Италија преку Драч или Игуменица во 12.00 часот. Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч или Игуменица и сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 22.00 часот.

 

2 ДЕН (недела – 29.12.2019): БАРИ – НЕАПОЛ – РИМ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Патувањето продолжува кон Неапол. Разглед на стариот дел на градот, Замокот Нуово, Кралската Палата, Базиликата Сан Франческо ди Паола... слободно време. Во попладневните часови се упатуваме кон Рим. Пристигнување во Рим вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН (понеделник – 30.12.2019): РИМ – ВАТИКАН

Појадок. После појадокот, започнувме со организиран разглед на Ватикан и Рим со стручен водич. Индивидуална посета на Ватиканските музеи и Сикстинската капела. Разгледот продолжува со посета на базиликата „Св.Петар“, Кастел Сан Анџело, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона, Шпанските скали, Фонтана Ди Треви. Слободно време во центарот на градот за купување или уживање во италијанските гастрономски специјалитети. Ноќевање.

 

4 ДЕН (вторник – 31.12.2019): РИМ

Појадок. По појадокот – време за разглед и прошетки низ Рим и уживање во празничната атмосфера: Колосеумот, Римскиот Форум (стариот град), Кампидолио, плоштадот Пјаца Венеција… Во попладневните часови враќање во хотел за краток одмор. Во вечерните часови, упатување кон центарот на градот на спектакуларен дочек на Новата Година на плоштад. Ноќевање.

 

5 ДЕН (среда – 01.01.2020): РИМ – БАРИ

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и заминување за Бари. Пристигнување во Бари после пладне, можност за посета на црквата Св. Никола. Трансфер на брод. Планирано поаѓање за Игуменица или Драч околу 19:00 часот. 

 

6 ДЕН (четврток – 02.01.2020): БИТОЛА

Во утринските часови пристигнување на пристаниште. Патувањето продолжува кон Битола. Пристигнување во Битола околу пладне.

 

Цена на аранжманот: 13.840,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • Посета и разглед на Неапол

  • 3 ноќевања со појадок во Рим во хотел со 3*

  • Разглед на Рим со стручен водич

  • Бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч или Игуменица – Бари и обратно

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Билетите за метро во Рим (1,5€ по лице од правец)

  • Задолжителна туристичка такса, по лице, на ден – 2 до 4€ (се плаќа на рецепција во хотел)

  • Доплата за бродска кабина (не е задолжителна)

  • Патничкото осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување