ОКТОМВРИ ВО РИМ (авион)

Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието во градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

 

ПРОГРАМА 

1 ден: (12.10.2018 - Петок) | Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:35 часот. Полетување за Рим во 12:35 часот. Пристигнување во Рим во 14:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ градот (предлог од придружникот на агенцијата на лице место). Ноќевање.

2 ден: (13.10.2018 - Сабота) | Рим (Разглед и Ватикан)

Појадок во хотел. По појадокот предвидена е факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини -најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: (14.10.2018 - Недела ) | Колосеум

Појадок во хотел. По појадокот предвидена е факултативна посета на Колосеум, каде со локалниот водич се упатуваме кон црквата Сан Клементе, каде што се наоѓа гробот на Св. Кирил, црквата Сан Пиетро ин Винколи, каде се наоѓа познатата скулптура на Мојсеј и синџирите во кои бил окован Св. Петар (првиот римски папа). Следува посета на една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, најголемиот амфитеатар во Римската Империја, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”. Турата завршува со Римскиот форум, Кампидољо - римското собрание, Пиаца Венеција и Олтарот на нацијата. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: (15.10.2018 - Понеделник ) | Рим - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за последно кафе во Рим и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 14:55 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 16:30 часот.  

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: ОД 309 ЕВРА 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;

  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;

  • Голема кабинска торба до 10 килограми и димензии 55 x 40 x 23 cm;

  • Сместување во двокреветни соби во хотел Regio со 3* - на услуга - 3 ноќевања со појадок;

  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице - 3.720 денари;

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);

  • Доплата за еднокреветна соба - 6.820 денари;

  • Туристичка такса - 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);

  • Билети за јавен превоз со метро;

  • Патничко осигурување;

 

ФАКУЛТАТИВИ

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 105  €

Цени за Факултативи:

  • Организиран панорамски разглед на Рим со водич - 15 €;

  • Организирана факултативна посета на Ватикан, црквата Св.Петар и Систинската капела - 55 €;

  • Организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил - 50 €;

 

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean