РИМ | ВАТИКАН

1 ден (22.05.2019 – среда): БИТОЛА – ОХРИД

Состанок на групата во 15.00 часот. Поаѓање за Италија преку Драч или Игуменица во 15.30 часот. Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч или Игуменица и сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 22.00 часот. Ноќна пловидба.

 

2 ден (23.05.2019 – четврток): БАРИ – РИМ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патувањето кон Рим и пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. Кратко време за одмор. Во вечерните часови можност за ноќна прошетка низ Рим. Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

 

3 ден (24.05.2019 – петок): РИМ – ВАТИКАН

Појадок. По појадокот – упатување кон црквата Сан Клементе каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Проследување на празничната литургија. Можност за посета на Светите Скали во близина на црквата Свети Јован Лутерански. Продолжување на разгледот на Рим: Колосеумот, Римскиот Форум (стариот град), Форумот на Цар Трајан, Кампидолио, Пјаца Венеција, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви… слбодно време за шопинг и прошетки во срцето на Рим. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

 

4 ден (25.05.2019 – сабота): РИМ

Појадок. После појадокот организиран разглед на Ватикан и Рим со стручен водич. Факултативна посета на Ватиканските музеи и Сикстинската капела. Разгледот продолжува со посета на базиликата „Св.Петар“, Кастел Сан Анџело, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона, Шпанските скали... Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден (26.05.2019 – недела): РИМ – БАРИ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Бари. Пристигнување во Бари и трансфер на брод. Планирано поаѓање за Игуменица или Драч околу 19:00 часот. Ноќна пловидба.  

 

6 ден (27.05.2019 – понеделник): МАКЕДОНИЈА

Во утринските часови патувањето продолжува кон Македонија. Пристигнување во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 12.940,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • 3 ноќевања со појадок во Рим во хотел со 3*

  • разглед на Рим со стручен водич

  • посета на Сан Клементе и гробот на Св. Кирил

  • бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч или Игуменица – Бари и обратно

  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезници и водич за Ватиканските музеи и Сикстинската Капела – 40€ по лице (задолжителна резервација и уплата при резервација на аранжманот)

  • Билетите за метро во Рим (1,5€ по лице од правец)

  • Донација за црквата при посета на Светите скали

  • Доплата за бродска кабина (не е задолжително)

  • Задолжителна туристичка такса 2-3€ по лице, од ноќ (се плаќа во хотел)

  • Патничко осигурување

 

Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување