ПРАГА - ВИЕНА

1 ден (среда – 10.10.2018): ОХРИД – БИТОЛА 

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Поаѓање за Чешката Република во 09.00 часот од Битола. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград,  Будимпешта, Братислава...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (четврток – 11.10.2018): ПРАГА 

Пристигнување во Прага во утринските часови – разглед на градот со стручен водич... Карловиот мост, Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој, обиколка на Прашкото гето – еврејскиот кварт со десетина синагоги, Старомјесне намјести, Вацлавске намјести, Народниот музеј, Народниот театар, стариот дворец - Храдчани, монументалната катедрала на Св.Вид со капелата на Св.Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, Владиславова сала, базиликата на Св.Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Вечерта – факултативно крстарење со брод по Влтава. Ноќевање.

3 ден (петок – 12.10.2018): ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ 

Појадок. По појадокот – факултативен полудневен излет до Карлови Вари со стручен водич, најпозната бања во Средна Европа, место каде престојувале многу европски властодршци, врвни сликари, поети...Враќање во Прага во касните попладневни часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан...Ноќевање.

4 ден (сабота – 13.10.2018): ПРАГА – ВИЕНА 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот...поаѓање за Виена во 09.00 часот. Пристигнување во Виена околу 13.00 часот...панорамски разглед на градот...Парламентот, Операта, Рингштрасе, замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), Катедралата Св.Стефан, палатата Белведере, палатата на Правдата, плоштадот на Марија Терезија... факултативна посета на велелепниот замок Шенбрун – летната резиденција на Хабзбурговците (Imperial тура, во која се посетуваат 25-те најубави простории во самиот замок)...слободно време за индивидуален разглед на градот. Поаѓање за Македонија околу 20.00 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори...патот води преку Будимпешта, Белград, Скопје...

5 ден (недела – 14.10.2018): БИТОЛА – ОХРИД

Пристигнување во Битола во попладневните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

Цена на аранжманот: 7.690,00 денари за УПЛАТА до 15.09.2018 година

Редовна цена на аранжманот: 8.290,00 денари

Цената на аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горенаведената релација,

разглед на Виена со стручен водич,

2 НП во Прага, во хотел со 3* (http://www.hotelcechie.cz/cs/o-czechia-prague-hotel-cechie-garni/hotel-cechie-praha-garni/),

разглед на Прага со стручен водич,

организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената на аранжманот не вклучува:

Факултативните излети и посети,

влезниците при посета на културно – историските споменици,

патничкото осигурување. 

 

ПРАГА – ФАКУЛТАТИВА: 

Крстарење по Влтава – 15 € по лице – препорака!,

Карлови Вари – 25 € (минимум 30 лица) – препорака !,

посета на Национален ресторан  – 35 € по лице - препорака !

ВИЕНА - ФАКУЛТАТИВА: Замокот Шенбрун – 25 € по лице - препорака !

Напомена: 

Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

ПОСЛЕДЕН РОК за ПРИЈАВУВАЊЕ: 05.10.2018 !

 

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување