Ф.jpg

ПРАГА

1 ДЕН (04.03.2022 - петок): БИТОЛА

Состанок на групата во 07.00 часот на градската автобуска станица. Поаѓање за Чешката Република во 07.30 часот. Патот води преку Ниш, Белград, Будимпешта, Ѓиор, Братислава, Брно...Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (05.03.2022 - сабота): ПРАГА

Пристигнување во Прага во претпладневните часови...разглед на градот со стручен водич :  Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој, обиколка на Прашкото гето – еврејскиот кварт со десетина синагоги, Старомјесне намјести, Вацлавске намјести, Народниот музеј, Народниот театар, стариот дворец на Храдчани, обиколка (факултативно) на Шпанската сала (монументална градба од Х век), монументалната катедрала на Св.Вито со капелата на Св.Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, базиликата на Св.Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време. Вечерта – ноќно крстарење (факултативно) по Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана...Ноќевање.

3 ДЕН (06.03.2022 - недела): ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. По појадокот – факултативно - заминување за Дрезден – “Фирeнца на Елба“ – град под заштита на УНЕСКО, град во кој живееле и твореле голем број на уметници како Рихард Вагнер, Ернест Лудвиг, Рихард Штраус, Готфрид Семпер... Операта Семпер, галеријата Цвингер (факултативно), Фрунекирхе (најпознатата протестантска црква), Брулската тераса (наречена уште и терасата на Европа), Новата Синагога, споменикот на Саскиот крал Фридрих Август II и на крајот – Прагерштрасе, најпозната шопинг улица во Дрезден кој исто така го препорачуваме на љубителите на шопингот...Враќање во Прага во раните вечерни часови. Ноќевање.

4 ДЕН (07.03.2022 - понеделник): ПРАГА – ЧЕШКИ КРУМЛОВ

Појадок. По појадокот – слободен ден во Прага, или препорачуваме факултативен целодневен излет за Чешки Крумлов, волшебен средновековен град, сместен над реката Влтава, а под заштита на UNESCO од 1992.година. Самиот град настанал во 13.век и се развивал околу замокот кој доминира со градот, а втор е по големина во Чешка, веднаш после Храдчани. Градот ги импресионирал многубројните уметници, па така и не зачудува што филмовите “Hostel” & “Iluzionist” се снимени баш во овој бајковит град...по доаѓањето информативен разглед на градот, прошетка до замокот низ тесните улички, како и до црквата на Св.Вито и галеријата на Егон Шиле. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта – факултативно, посета на Национален ресторан со комплетно мени, неограничени пијалаци и програма...Ноќевање.

 

5 ДЕН (08.03.2022 - вторник): ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – БИТОЛА

Појадок. По појадокот – одјавување и напуштање на хотелот. Слободно време во Прага или факултативна посета на Карлови Вари, најпознатата бања во Источна Европа, место каде престојувале многу Европски властодршци, врвни сликари, поети...Се наоѓа на реките Огже и Тепла, на околу 130 km западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св. Петар и Павле (можност за присуство на Божиќната миса). Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура, познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“, како и термалните извори во колонадата „Спрудел“. Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници: Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко - горчливиот ликер Бехеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем, ванила)...Враќање во Прага во попладневните часови. Предвидено поаѓање за Македонија во 17.00 од претходно договорено место. Патот води преку Брно, Братислава, Унгарија, Србија...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

 

6 ДЕН (09.03.2022 - среда): БИТОЛА Пристигнување во Битола во пладневните часови.

 

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ: 8.000,00 ден. (129 €) – FIRST MINUTE ЦЕНА (за целосна уплата до 31.01.2022)!

                                                                9.240,00 ден. (149 €) – редовна цена

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Исклучиво во денарска противвредност.

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Автобуски превоз (високоподен, со аудио-видео опрема) на горенаведената релација;

3 НП во Прага, во хотел со 3*;

Разглед на Прага со стручен водич;

ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ БЕЗ ДОПЛАТА од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово;

Организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативните излети и посети;

Влезниците при посета на културно – историските споменици;

Патничко осигурување;

Индивидуални трошоци и други неспомнати трошоци;

 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА:

Карлови Вари – 25 € по лице (автобус+водич);

Дрезден – 30 € по лице (автобус+водич);

Крстарење по Влтава - 20 € по лице;

Чешки Крумлов – 30 € по лице (автобус+водич);

Свечената вечера во Национален ресторан со програма и мени - 40 € по лице;

За сите факултативни излети, минималниот број на патници за остварување на истите е 25.

 

ПОТРЕБНА COVID-19 ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ВЛЕЗ во ЕУ:

  • ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА (минимум 2 дози од следните производители): ASTRAZENECA, COVID SHIELD, JANSSEN, MODERNA & PFISER-BionTech) ИЛИ

  • PCR-тест (не постар од 72 часа) ИЛИ RAPID (брз) антиген тест (не постар од 48 часа)

  • СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 180 дена од денот на влегување во ЕУ)

 

УПАТСТВА за време на патувањето и престојот во ЕУ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

  • ВАЖНО: Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

  • Доколку дојде до „виша сила“ и нереализaција на патувањето (поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди), УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ НА КЛИЕНТОТ.

  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

  • ВАЖНО: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ (Унгарија) или Србија.

  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во ЕУ, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на завршување на аранжманот, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

  • НАПОМЕНА: Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. Важноста на патните исправи при влез во ЕУ треба да биде минимум 180 дена (6 месеци). Застанувањата (паузите) за време на патувањето се предвидени на секои 3-4 часа патување, на попатни рест-ареи, а во зависност од капацитетот на попатните стојалишта и условите на патот. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.