1 ден (четврток – 06.12.2018): СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 14:30ч. Поаѓање на автобусот во 15:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден (петок – 07.12.2018): ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 08.12.2018): ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка...  да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче.Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa.За крај на денот, предлагаме  посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки...   Ноќевање.

 

4 ден (недела – 09.12.2018): ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан...  Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден (понеделник – 10.12.2018): СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во  пладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 7.380,00 денари – за УПЛАТА до 10.11.2018 година. 

Редовна цена на аранжманот: 8.000,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје

  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага

  • Посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT

  • Посета на Виена

  • Организација и водство на програмата

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко здравствено осигурување

  • Разглед на Прага со локален водич – 10€

  • Факултативен излет Карлови Вари – 25€

  • Крстарење со брод по Влтава – 15 €

  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма – 35€

  • Влезници за музеи и локалитети

  • Доплата за еднокреветна соба – 1.550,00 денари

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување