ПОЛИХРОНО | ВИЛА РЕАЛ

Локација

Вилата се наоѓа во центарот на Полихроно - мало туристичко селце во кое живеат околу 1.000 луѓе во текот на целата година. Се наоѓа на оддалеченост од 96 км. од Солун и 179 км. од македонската граница, сместено на првиот крак Касандра од источната страна, со поглед кон вториот крак, Ситонија. Долгото шеталиште покрај кристално чистото море изобилува со таверни, продавници, бутици, кафе барови, апартмани, хотели. Погодно е за млади како и за фамилијарен одмор.

GPS Координати: 40°00’55.4, 23°31’43.3

Плажа: 200 метри од песочна плажа.

Опис на објектот: Вилата располага лукс студија и апартмани  лоцирани на 3 спрата и приземје, ново отворена во јуни 2019та, и 2020 реновирана и проширена со дополнителни капацитети.  Собите располагаат со клима (вклучена во цена) + wi-fi (за брзината и јачината на интернетот агенцијата не презема одговорност) сите соби имаат ТВ, кујна, фрижидер, сопствен тоалет.

1/2 – двокреветно студио – се наоѓаат на 1ви спрат (2 единечни душеци споени во брачно легло)

1/2+1 студио со еден брачен кревет + 1 софа (погодна за деца до 14год) балкон со поглед на море

1/3 – трокреветно студио се наоѓа на 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен)

1/3+1 студио – се наоѓа на 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен, кој има фиока и се отвара како дополнително легло)

1/3+1 едно спален апартман – се наоѓа на 1ви и 2ри спрат (еден брачен кревет и еден единечен, кој има фиока и се отвара како дополнително легло)

1/4 апартман на приземје е апартман со една спална и дневен престој со 2 единечни легла , во истиот простор се наоѓа и кујната

1/4 апартман , апартман со една спална, кој се наоѓа на први спрат (еден брачен кревет + 2 единечни во дневниот престој каде што се наоѓа и кујната)

1/4 апартман со поглед на море, се едноспални апартмани лоцирани на 3ти спрат, имаат едно брачно легло и 2 единечни легла

1/4+1 апартман, е едноспален апартман лоциран на 1ви спрат, има еден брачен кревет, еден единечен кревет и плус софа која има фиока и може да се смести и 5то лице

1/5 апартман со една спална со еден брачен кревет и 3 единечни легла, лоциран на 2ри спрат

 

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 15.03.2020

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

Цените се дадени за НАЕМ на СТУДИО во евра, без попуст.

Плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Клима уредот и wi-fi: вклучени во цената.

Во цената не е вклучен превоз.

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики:

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40€ по лице

04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице

05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице 

05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

 

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп - на перон) – 30€ по лице

03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) - Трансфер до Битола – 30€

02:15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

03:15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице

 

Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редовната цена за поаѓањата од Скопје,

Попуст 15€ од редовната цена за поаѓањата од Битола,

Деца до 1,99 години: бесплатно 

Возрасни лица над 63 години – Попуст 10€

1/1

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на патување.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean