ПОЛИХРОНО | ВИЛА НОРТ ЛУКС

Локација

Вила North Lux е нова вила, која изобилува со модерна и најновa опрема. Лоцирана е во самото Полихроно, на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, распостранета на околу 8 км, кристално тиркизно море, идеално за фамилијарен одмор со деца и за сите оние на кои им е потребен вистински релаксирачки одмор. Во нејзина близина се простираат голем број на продавници за сувенири и облека, таверни, пекара, суперкмаркети.

GPS Координати: 40.017561, 23.527301

Плажа: на само 30м од песочна плажа.

Опис на објектот: Вила North Lux располага со девет апартмани: двокреветни, трокреветни, четворокреветни и петокреветни, кои се распоредени на приземје (високо) и прв спрат. Апартманите се модерно опремени, со комплетно опремени кујни со основни садови за соодветниот број на лица (кои се одделени од спалните соби), спална, капатила со туш, ТВ, интернет, клима уред, тераса. Балконите и прозорците се обложени за заштита од комарци. Во вилата на самиот влез се наоѓа рецепција за прием на гостите.

1/3 АПП: се наоѓаат на приземје и прв спрат. Составени се од еден брачен кревет 160см. и еден единечен кревет од 120см.

(можност за сместување на 3 возрасни и 1дете до 12 г. во кревет со родителите).

1/5 АПП: се наоѓаат на прв спрат. Составени се од две спални соби, еден брачен кревет 160 см. и еден единечен кревет од 120см. во едната, а во другата брачен кревет 160см + помошен лежај . Во двете спални има клима уреди.

(можност за сместување на 5 возрасни и 2деца до 12 г.).

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Клима уредот и wi-fi: вклучени во цената.

Во цената не е вклучен превоз.

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела):

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40€ по лице

04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице

05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице 

05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

 

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп - на перон) – 30€ по лице

03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) - Трансфер до Битола – 30€

02:15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

03:15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице

 

Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редовната цена за поаѓањата од Скопје,

Попуст 15€ од редовната цена за поаѓањата од Битола,

Деца до 1,99 години: бесплатно 

Возрасни лица над 63 години – Попуст 10€

1/1

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на патување.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување