ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

7 ДНЕВНА ТУРА

4 ГРАДОВИ

ПОАЃАЊЕ ПО ДОГОВОР

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | БИТОЛА – СОФИЈА
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 06.00 часот. Поаѓање кон Бугарија преку граничниот премин Крива Паланка. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Софија – главниот град на Бугарија.. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Софија Влез во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот: градскиот плоштадот, Цумот, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесете позлатени куполи, Дворецот на културата… Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


ВТОР ДЕН | СОФИЈА – РИЛСКИ МАНАСТИР – БЛАГОЕВГРАД – БАНСКО
Појадок. По појадокот заминување кон Благоевград. Попатна посета на Рилскиот Манастир кој претставува еден од најголемите манастири на Балканот. Разглед на манастирскиот комплекс и прекрасната црква која доминира со самиот комплекс. Заминување кон Благоевград. Слободно време за разглед на градот и споменикот на Гоце Делчев. Заминување кон Банско. Сместување во хотел.
Слободно време за уживање во термалните води и базени. Вечера. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | БАНСКО – МЕЛНИК – РОЖЕНСКИ МАНАСТИР – БИТОЛА
Појадок. После појадокот заминување кон Мелник – познат како најмалиот град на Балканот. Посета на Роженскиот манастир и гробот на еден од најголемите јунаци на Македонија – Јане Сандански. Посета Кордополовата куќа која стана позната по големите бочви и место каде се криеле нашите најголеми на дејци. 
Слободно време за ручек. Градчето е со преубава околина, голем број на хотели и ресторани –
традиционални меани и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Заминување кон местото викано Рупите. Ова е едно од оние места, чија природа е во состојба да восхити, инспирира и смири. Чудесната убавина на оваа месност, е способна да создаде кај секој чувство на хармонија и спокојство. Тоа веројатно се должи на фактот дека баба Ванѓа го избира токму ова место за свој дом. Ванѓа тврдела дека таму некогаш имало голем град, закопан под огнената лава. Како резултат од ерупција на вулканот во Рупите има магма карпи. Од нив извира минерална вода со температура од 75 степени Целзиусови. Минералната вода има лековити
својства. Посета на црквата “Св. Петка Бугарска”. Во 1992 год баба Ванѓа ја создава црквата “Св. Петка Бугарска” којашто веднаш се претворила во место во кое доаѓаат илјадници луѓе кои сакаат да се поклонат пред Ванѓа и да запалат свеќи во црквата. Патувањето продолжува преку Струмица до Битола. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 16.500,oo МКД


ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Автобуски превоз на дадената релација по програмата
• Сместување во хотел на база полупансион (појадок – вечера) во Софија
• Сместување во хотел на база полупансион (појадок – вечера) во Банско
• Организирани разгледи по програмата
• Организација и водство на патувањето
• Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Влезници за посета на културно – историските споменици


НАПОМЕНА:

• Останати факултативни посети по програмата

• За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean