ПАРГА | ВИЛА ПАНОС

Објект оддалечен 300 метри од плажата Писо Крионери и 550 метри од плажата Крионери, веднаш до вила Јота. На помалку од 5 минути пешачење до центарот на Парга, поставен ведаш покрај главниот пат кој води до центарот на Парга, објектот е лесно достапен со автомобил. Во склоп на обејктот има двокреветни студија на прв и втор спрат и еко студија на приземје, со комплетно опремена мини кујна, тоалет, тераси и клима уред (користењето е со доплата од 5€ дневно). Пред самиот објект се наоѓаат и супермаркет, кафетерија и таверна.

Попусти:

 7% за уплата на два или повеќе поврзани термини

25% за целосна уплата во ДЕКЕМВРИ

20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ

15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ

10% за целосна уплата во МАРТ

5% за целосна уплата во АПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

Цените се дадени по лице, за минимум две платежни лица, за 7 ноќевања, со вклучен автобуски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден

- За аранжман со сопствен превоз се одобрува 35€ од вкупната цена по лице

- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот

 

Сместување:

 - Едно дете од 2-6 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2 студио (плаќа само превоз 35€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

 - Користењето на клима уред е со доплата од 5€ на ден

 

Превоз:

 - Секоја сабота поаѓање од Битола во 03:30 час. враќање во времето одредено од пратителот на групата

 - Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус

 - Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 35€ по лице

 - 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен

 

Напомена:

 - За резервација со попуст, потребна е аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 50% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст

 - При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената

 - Задолжително е здравствено и патничко осигурување

 - Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и бројот на искористени денови за престој во ЕУ

 - Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.

 

Куќен ред:

 - Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот

 - Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

 - При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

 - Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

 - Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

 - Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean