ОСТРОШКИ МАНАСТИР

08.06-10.06.2018

1 ден (петок – 08.06.2018): БИТОЛА

Состанок на групата во 22:00 часот. Поаѓање кон Црна Гора преку Охрид, Струга, г.п. Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар... Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

2 ден (сабота – 09.06.2018): БУДВА – ОСТРОШКИ МАНАСТИР

Пристигнување во Св.Стефан можност за панорамски разглед на најлуксузното летувалиште на Јадранот, потоа се патува до Будва. Разглед на Стариот град, слободно време за кафе, шопинг и други индивидуални активности. Во пладневните часови се поаѓа кон Острошки Манастир. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот  или трансфер со локален минибус, сместување, разглед на Горниот Манастир. Ноќевање во конак или во дворот на манастирот.

3 ден (недела – 10.06.2018): ПОДГОРИЦА – ТИРАНА – МАКЕДОНИЈА

Поаѓање за Македонија во утринските часови. Попатна пауза во Подгорица во трговски центар Delta City. Патот води преку Албанија. Пристигнување во трговскиот центар ТЕГ во Тирана. Можност за шопинг, кафе-пауза итн. Поаѓање кон Македонија, царински формалности и пристигнување во ноќните часови.

Цена на аранжманот: 1.500,00 денари

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус,

  • Организација и водство на патувањето,

  • Разглед на Св.Стефан, Будва, Острошки манастир, Подгорица и трговскиот центар ТЕГ во Тирана,

  • Пратител на групата

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

  • Трансфер до Горниот Манастир со локално комбе (1евро по лице),

  • Патничко осигурување,
  • Ноќевање во долниот конак (5 евра по лице) – Ноќевањето во Горниот конак е бесплатно доколку има слободни места кои се проверуваат по пристигнување во манастирот,
  • Туристичка такса во Острог (1 евро по лице).

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување