
МИНХЕН - САЛЦБУРГ - ГРАЦ
ДВОРЦИТЕ на Баварија изградени од времето на Баварскиот крал Лудвиг 2ри се како од бајките, ги посетуваат милиони туристи од целиот свет и вредат да се посетат. МИНХЕН – главен град на Баварија, со архитектура во ренесансен и барок стил, каде се одржува најголемата атракција ОКТОБЕР ФЕСТ – фестивал на пивото уште од1810 година. Уживајте во САЛЦБУРГ – градот на Моцарт и класичната музика,градот под Алпите, како и ГРАЦ – град на културата и прекрасна архитектура.
1 ден (сабота – 06.10.2018) Поаѓање во 10.00 часот од пред агенција Бран со туристички автобус. Патот води преку Белград, Загреб, Љубљана со попатни одмори.
2 ден (недела – 07.10.2018) Пристигнување во Минхен во утринските часови, разглед на градот: Катедралата, Мариен Плац, Ратхаус - старото и новото градско собрание, црквата Св.Петар... Факултативна посета на дворецот Нимфенбург-некогашна летна резиденција на Баварските владетели,како и посета на Октоберфестот – фестивал на најпознатите пивари под отворени шатори, до доцните вечерни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден (понеделник – 08.10.2018) Појадок. Целодневен факултативен излет до: најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг 2ри - Линдерхоф, изграден за време на живеењето на Лудвиг2ри, а потоа посета и на најубавиот и најбајковитиот дворец Нојшванштајн подигнат во стил на старогермански витешки замок од 1869-1886г., а по инспирација од овој замок Волт Дизни ги направил познатите шпици за цртаните филмови. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден (вторник – 09.10.2018) Појадок. Факултативен излет за кралскиот дворец Херенкимзе изграден на остров на езерото Ким, до кој се оди со брод, изграден во чест на францускиот крал Луј 14-ти. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден (среда – 10.10.2018) Појадок. Разгледување на градот заштитен под УНЕСКО, градот на класичната музика, град под Алпите при што можат да се видат: Стариот град, паркот на дворецот Мирабел, родната куќа на Волфган А.Моцарт, Катедралата, факултативна посета на дворецот Хохен - Cалцбург од 11 вeк. Попладнето поаѓање за Грац, негова посета, при што може да се видат: Ратхаус, Операта, Хаутплац-плоштадот, Тврдината Шлоберг... Вечерта поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни одмори.
6 ден (четврток – 11.10.2018) Пристигнување во Прилеп во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 14.600,00 денари
Цената на аранжманот вклучува:
- автобуски превоз на дадената релација
- 3 ноќевање со појадок во хотел со 3* (www.styles-hotel-piding.de/de/)
- разгледување на Минхен, Салцбург и Грац
- посета на Октоберфест во Минхен
- организација на патувањето со лиценциран придружник.
Цената на аранжманот не вклучува:
- здравствено патничко осигурување без франшиза - 300 денари (задолжително)
- целодневен излет со автобус до дворците со влез во Линдерхоф и Нојшванштајн(40еур)
- факултативен излет со автобус со посета на дворецот Херекимзе со вклучен брод (20 еур)
- други услиги и влезници за дворците(Нимфенбург-20 еур и Хохен-Салцбург-20еур)
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.