НОВИ САД

1 ДЕН (23.05.2019 – Четврток): ОХРИД – БИТОЛА

Поаѓање во 22:00 часот од спортска сала Битола, преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ДЕН (24.05.2019 – Петок): НОВИ САД – ФРУШКА ГОРА

Пристигнување во Нови Сад во утринските часови, сместување во хотел, краток одмор. Во договорено време разглед на центарот на градот со локален водич, католичката црква, плоштадот “Слобода”, Владичанскиот двор идр... По разгледите во центарот поаѓање кон Петроварадинската тврдина од каде се пружи прекрасен поглед на Дунав и Нови Сад. Во договорено време поаѓање за ручек во “САЛАШ” – ресторан во вид на етно село во областа на Фрушка Гора. По ручекот враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (25.05.2019 – Сабота): СОМБОР – НОВИ САД

Појадок. По појадокот факултативен излет со локален водич до СОМБОР, град опеан во многу песни и стихови, град со богато културно наследство нашироко познат по своето зеленило. Слободно време за прошетки низ центарот на градот. Во пладневните часови враќање за Нови Сад. Посета на центарот, враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН (26.05.2019 – Недела): НОВИ САД – БЕЛГРАД – БИТОЛА – ОХРИД

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Поаѓање кон БЕЛГРАД со попатна посета на еден од најпопуларните туристички центри “ИНЏИЈА”. Пристигнување во Белград во предпладневните часови, прошетки по Кнез Михајлова. Во договорено време поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.700,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадените релации

  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Нови Сад (разглед со локален водич)

  • Посета трговски центар Инџија, посета на Белград

  • Пратител од агенција за време на патувањето

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување

  • Факултативен излет до СОМБОР со локален водич –10 еур

  • Посета на САЛАШ – 25 еур (ручек со неограничена пијачка и музика, готвени јадења скара, пршута, кулен)

  • Влезници во културно историските споменици

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean