НИРНБЕРГ – БАМБЕРГ – ВИРЦБУРГ – РОТЕНБУРГ - РЕГЕНСБУРГ

1 ден (сабота – 07.12.2019): ОХРИД – БИТОЛА 

Организиран трансфер од Охрид. Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 06:30 часот. Поаѓање за Германија во 07:00 часот. Патот води преку Скопје, г.п. Табановце, Србија, Унгарија, Австрија, денско и ноќно патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (недела – 08.12.2019): ПАСАУ – НИРНБЕРГ

Пристинување во местото Пасау, кое се наоѓа на границата на две држави, а устие на три реки. Градот е направен од италијанските барокни мајстори на градежништво. Високи кули, шарени фасади, живописни плоштади, романтични шеталишта и криви улички и денес на градчето му даваат медитеранска атмосфера. Во стариот град се издига величенствената катедрала Св. Стефан во која се сместени едни од најголемите оргули во светот, старата и новата општина, тврдината Оберхаус, старата бискупска резиденција.

Поаѓање за Нирнберг, на север на Баварија, кој лежи на реката Пегниц  и е основан во 11 век. Нирнберг е родното место на најпознатиот германски ренесансен сликар Алберт Дирер, царски град во чија државна ризница се чувале круната и реликти од цареви, место каде што почнала изработка на џебни часовници во 16 век. Сместување во хотел. Ноќевање

 

3 ден (понеделник – 09.12.2019): НИРНБЕРГ – БАМБЕРГ – НИРНБЕРГ  

Појадок. После појадокот, разглед на градот со стручен водич: високите ѕидини на кралскиот дворец од 12 век, црквата Св. Лоренц, Св. Марија, Св. Себалд од 13 век, градскиот плоштад со убавата фонтана и градската куќа, куќата на Алберт Дирер, улицата на стари занаети... слободно време. Факултативно, посета на Бамберг, еден од најзачуваните средновековни градови, кој се наоѓа на седум брегчиња, на северот на Баварија, 62 километри од Нирнберг. Пешачки разглед со стручен водич на стариот град: високите кули на Царската Катедрала Св. Петар од 11 век, старата и новата бискупска резиденција, општинската зграда над реката Регниц заедно со објектите долж брегот на реката, дел познат како Мала Венеција кои се дел од архитектонско – историски наважни градби во Европа. Стариот град од 1993 година е под заштита на УНЕСКО. Бамберг е познат по егозтичното чадено пиво, најголем број на пивари по глава на жител и по првата книга испечатена на германски јазик во 1459 година. Слободно време. Враќање во Нирнберг. Ноќевање. 

 

4 ден (вторник – 10.12.2019): НИРНБЕРГ – ВИРЦБУРГ – РОТЕНБУРГ НА ТАУБЕР – НИРНБЕРГ

Појадок. Целодневен факултативен излет до Ротенбург на Таубер и Вирцбург. Започнуваме од Вирцбуг, оддалечен околу 110км – добро зачуван барокен град на реката Мајна кој постои уште од 8 век, а денес е важен универзитетски, трговски и земјоделски центар во северозападна Баварија, каде најважно место има одгледувањето на винова лоза, производството на вино и пиво. Разглед на историскиот центар на градот: бискупската палата Резиденс која е под заштита на УНЕСКО, тврдината Марианберг, катедралата Св. Килијан, зградата на општината, стариот мост на Мајна долг 180 метри, градската болница... слободно време. Поаѓање кон Ротенбург на Таубер, град во источна Баварија кој лежи на реката Таубер. Основите на цвената тврдина (ротен бург) над реката Таубер се поставени во 1070 година, а денешен Ротенбург е познат по добро сочуваната убава архитектура од среден век. Во стариот град кој е опкружен со ѕидини долги 3км се наоѓаат бајковити готски, ренесансни и барокни куќички, со камени основи и спратови кои се крепат на дрвени греди. Пешачка обиколка на стариот центар на градот со водич: градската порта, зградата на општината на средновеквниот плоштад, црквата Св. Петар и Павле, црквата Св. Јаков, старата аптека... слободно време. Враќање во Нирнберг. Ноќевање.    

 

5 ден (среда – 11.12.2019): НИРНБЕРГ – РЕГЕНСБУРГ

Појадок. Одјавување  од хотелот и поаѓање кон Регенсбург. Пешачки разглед на историскиот центар на градот кој е прогласен за дел од светското културно наследство, камениот мост од 12 век, катедралата Св. Петар која била седиште на бискупијата од 13 век, бенедиктинскиот конак Св. Емерам од 13 век, црквата Св. Јаков од 12 век, аптеката Адлер од 17 век, општината во која заседавал Рајхстагот... слободно време. Продолжување на патувањето кон Македонија. Ноќно и денско возење низ Германија, Австрија, Унгарија и Србија.

 

6 ден (четврток – 12.12.2019): БИТОЛА – ОХРИД

Пристигнување во Битола во вечерните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

 

Цена на аранжманот: 13.840,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Нирнберг

  • Посета на Пасау

  • Разглед на Нирнберг со стручен локален водич

  • Разглед на Регенсбург со стручен локален водич

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Полудневен излет во Бамберг – превоз, разглед и водич 25€ по лице

  • Целодневен излет во Вирцбург и Ротенбург на Таубер – превоз, разглед и водич – 35€ по лице

  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување