НИКИТИ | ВИЛА НИКИТИ БЕЈ

Локација

Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, на 150м од плажа, во мирниот дел на градот. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус продавнички, таверни и кафулиња. Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости.

 

GPS Координати: 40.222535, 23.660944

Плажа: 150 метри од песочна плажа.

 

Опис на објектот: Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од модерно опремените студија е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) и голем двор. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг.

1/3 студио: три единечни или еден брачен и еден единечен кревет

1/4 студио: четири единечни кревети или еден брачен со два единечни

 

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Клима уред и Wi-fi: вклучен во цената.

 

Во цената не е вклучен превоз.

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот, а цената за истиот изнесува:

За возрасни (35 евра)

За деца до 12 години (25 евра)

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Поаѓање од: Скопје, Велес, Неготино, Удово и Граничен премин Богородица.

Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“), а состанок на групата е во 02:30 минути.

Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

Клиентите кои не користат организиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.

1/1

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на патување.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување