НЕА ВРАСНА | ВИЛА АРМИРИКИ

Локација

Вилата се наоѓа во центарот на Врасна, туристичко место со прекрасна широка песочна плажа и кристално бистра вода. Враснa ја препорачуваме за сите оние кои што сакаат да уживаат во мирен и релаксиран летен одмор на прекрасна плажа или во многубројните таверни и кафе барови покрај плажата. Врасна нуди можност за пешачење или возење велосипед во блиската планина или пак посета на градот Stageira родното место на Аристотелис, посета на музејот Amphipolis и посета на фармата Ippokosmos.

 

GPS Координати: 40.690278, 23.693333

Плажа: 100 метри од песочна плажа.

 

Опис на објектот: Вилата располага со паркинг, големо дворно место со оградена детска секција со лулашки, лизгалки, точачиња и играчки за најмалите, место за дружење на возрасните со скара која е на располагање на сите гости, тревник и прекрасно зеленило. Сите студија се наоѓаат во левото крило на вилата, и можат да бидат на приземје (кои се без клима) и на прв или втор спрат (кои се со клима со доплата). Собите во вила Armiriki располагаат со опремена кујна, тераса, тв, wc, бесплатен wi fi интернет и клима со доплата 3 евра на ден.

1/2+1 студио: две единечни легла за двајца возрасни и дете без дополнително легло 

1/3+1 студио: две помали дупли легла, или еден дупли и еден единечен кревет (за 3 возрасни лица и едно дете)

1/4+1 студио: 2 дупли легла + 1 единечно легло (4 возрасни лица и едно дете)

Леглата во Вила Армирики се со помала ширина.

Дополнителен кревет вон капацитетот на собата (каде има можност) се доплаќа 5 евра на ден.

 

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 19.12.2018

15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.01.2019

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 28.02.2019

7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.05.2019

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Wi-fi: вклучен во цената.

Доплата за клима уред: 3 евра на ден на лице место (во собите на приземје нема клима).

 

Во цената не е вклучен превоз.

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Врасна (секој Петок):

02:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40€ по лице

03:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

03:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице

04:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

04:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице

04:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

05:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

 

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Врасна:

02:00 h Битола (Пред спортска Сала) – Трансфер до Неготино - 35€ по лице

01:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) - Трансфер до Неготино – 35€ по лице 

00:15 h Струга (Хотел Дрим) - Трансфер до Битола – 35€ по лице

00:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

00:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

01:15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битпла – 35€ по лице

 

Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редовната цена за поаѓањата од Скопје,

Попуст 15€ од редовната цена за поаѓањата од Битола,

Деца до 1,99 години: бесплатно 

Возрасни лица над 63 години – Попуст 10€

1/1

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на патување.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување