НЕА ПОТИДЕА | ВИЛА ХАУС ЛИТЕА

Локација

House Lithea се наоѓа во Неа Потидеа, првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна.

 

GPS Координати: 40.1887778, 23.3391111

Плажа: Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња.

 

Опис на објектот: Вилата е составена од два објекти А и Б. Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани. За секое студио/апартман следуваат 2 лежалки и еден чадор на плажа - гратис.

1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети.

1/4 апартман: Во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети.

 

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.12.2019
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 28.02.2020

Цените се дадени за НАЕМ на СТУДИО/АПАРТМАН во евра, без попуст.

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Клима уред и wi-fi: вклучен во цената.

 

Во цената не е вклучен превоз.

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја Сабота):

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40€ по лице

04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице

05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице 

05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

 

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп - на перон) – 30€ по лице

03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) - Трансфер до Битола – 30€

02:15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

03:15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице

 

Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редовната цена за поаѓањата од Скопје,

Попуст 15€ од редовната цена за поаѓањата од Битола,

Деца до 1,99 години: бесплатно 

Возрасни лица над 63 години – Попуст 10€

 

Поаѓање од Грција: 14:30 h локално време, (13:30 h мак.време) Неа Потидеа

1/1

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на патување.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean