top of page

Acerca de

Vittorio Emanuele Gallery

МИЛАНО

МИЛАНО | ТОРИНО (Нова Година 2024)

Главниот град на покраината Ломбардија е економска престолнина на Италија, преку 80 од 200 најголеми претпријатија, корпорации и банки имаат свои седишта во овој регион. Во нејзиниот разноврсен рељеф, во кој преовладува равницата, се плодните долини на најголемите Италијански реки По, Ољо, Ада, Минчо Тичино, но и живописните ограноци на јужните Алпи и преубавите леднички езера Гарда, Комо, Леко, Маџоре, Варезе, Исео...под средновековните аристократски фамилии на воини и мецени – Висконти, Сфорца и Гонзага се направени импозантни јавни градби, цркви и споменици, па така се разубавени многу градови. Трговците и индустријалците како Пирели, Креспи, Бокони, Кампари и Берлускони направија овде моќни деловни империи, угледни и значајни во светски размери.

1 ДЕН (29.12.2023 – петок): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот...патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (30.12.2023 – сабота): БРЕША – МИЛАНО

Пристигнување во FRANCIACORTA Outlet во утринските часови...спремете се за предновогодишен шопинг, со попусти и до 40%!!! Патувањето продолжува за Милано...пристигнување во Милано околу 13.00 шасот. Сместување во хотел. Во 15.30 часот - панорамски разглед на градот со стручен водич...тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот...Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ДЕН (31.12.2023 - недела): МИЛАНО – ТОРИНО

Појадок. По појадокот – Ви нудиме посета на Торино (факултативно), главниот град на покраината Пиемонт...лежи на реката По, а познат е и како “најидустрискиот“ град во Италија, кој е седиште на светски познатите автомобилски компании Fiat, Lancia i Alfa Romeo, светски познатиот бренд на еспресо кафе LAVAZZA…беше седиште на фамилјата Савоја и е познат по 18-километарските аркади кои датираат од 1500.година, изградени за да овозможат непречена прошетка на кралот и неговата свита...прошетка низ Parco Valentino – еден од најзначајните симболи на Торино...во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, а исто така ќе го посетиме и малиот средновековен град – многу убав и интересен да се прошета...се упатуваме кон центарот на градот, кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana – симболот на Торино, највисоката градба на светот (од оние кои што се зидани со тули) 163 метри (со панорамска тераса на висина од 85 м.), доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија...на истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори…враќање во Милано во касните попладневни часови... Вечерта – ДОЧЕК НА НОВАТА 2024.ГОДИНА !!! Ноќевање.

 

4 ДЕН (01.01.2024 – понеделник): МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо...посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град...факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни...Враќање во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.

5 ДЕН (02.01.2024 – вторник): МИЛАНО – ВЕРОНА – БИТОЛА

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона. Пристигнување во Верона околу пладне...прошетка низ Стариот Град...плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија...поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград...ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.

6 ДЕН (03.01.2024 – среда): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 15.440,00 денари (249 €)

 

ДОПЛАТА за 1/1 соба: 6.510,00 денари (105 €)

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Исклучиво во денарска противвредност

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација;

  • 3 Н/П во хотел со 3*/4*;

  • Разглед на Милано со стручен водич;

  • Посета на Верона;

  • Организација, водство и реализација на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;

  • Патничкото осигурување (250,00 ден.-по лице).

 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА:

  • Посета на Лугано – 35 € по лице (превоз, разглед со стручен водич);

  • Крстарење со брод по езерото Комо – 20 € по лице;

  • Посета и разглед на Торино – 35 € по лице (превоз, разглед со стручен водич).

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на било која факултатива – потребен е минимум од 30 патници;

  • Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето;

  • Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено;

  • За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот;

  • Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

 

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

bottom of page