

МИЛАНО | АЗУРЕН БРЕГ
1.ДЕН (четврток – 21.05.2020): ОХРИД – БИТОЛА
Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во 06.00 часот на Градската Автобуска Станица. Поаѓање за Италија во 06.30 часот. Патот води преку Ниш, Белград, Загреб, Љубљана...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2.ДЕН (петок – 22.05.2020): МИЛАНО
Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич...тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот... Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
3.ДЕН (сабота – 23.05.2020): МИЛАНО – ЏЕНОВА – САН РЕМО
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Џенова...обиколка на Џенова – плоштадот Ферари, Операта, Дуждевата палата, Катедралата на Св.Лоренцо, стариот светилник Лантерна (најстариот светилник на светот, кој сеуште е во функција), куќата на Кристофор Колумбо...слободно време. Продолжување на патувањето кон Сан Ремо (регионот Империа), сместување во хотел (околина на Сан Ремо). Слободно време. Ноќевање.
4.ДЕН (недела – 24.05.2020): САН РЕМО – КАН – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО
Појадок. По појадокот – слободно време или Ви нудиме целодневен факултативен излет и посета на Француските бисери на Азурната обала...пристигнување во Кан – прошетка низ Кроазета, каде се наоѓаат хотелите Карлтон, Мажестик, филмската палата, каде се одржува светски познатиот филмски фестивал, тврдината Ле Сук...поаѓање за Ница - туристичко место и едно од најпознатите монденски летувалишта на Азурната обала, препознатливо по преубавите палати, казина, познати хотели...прошетка по т.н. Англиско Шеталиште, кое се протега 5 км. долж преубавото сино море...слободно време. Во попладневните часови – поаѓање за Кнежевството Монако, чиј оснивач е фамилијата Грималди, поточно Франческо Грималди Малиција...посета на Монако – катедралата каде е закопана Грејс Кели, како и сите владетели од фамилијата Грималди, Кнежевскиот двор, Океанографскиот музеј, прошетка низ патеката по која се одржува Ф1 трката, преку која се стигнува до најрепрезентативниот дел од Монте Карло – казиното со позната коцкарница „Монте Карло“, хотелот „Париз“, кафе „Париз“...слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
5.ДЕН (понеделник – 25.05.2020): САН РЕМО – ВЕРОНА
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Верона...Пристигнување во Верона во раните попладневни часови...прошетка низ Стариот Град - плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија, саат-кулата...посета на Трговски Центар. Поаѓање за Македонија во касните попладневни часови...ноќно и денско возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија, со кратки попатни паузи.
6.ДЕН (вторник – 26.05.2020): БИТОЛА – ОХРИД
Пристигнување во Битола во попладневните часови. Транфер за патниците од другите градови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 12.960,00 денари – за УПЛАТА до 15.04.2020 год.
Редовна цена на аранжманот: 14.200,00 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз на горенаведената релација,
– 1 Н/П во хотел со 3* во Милано,
– Посета на Џенова,
– 2 НП во хотел со 3* во околина на Сан Ремо,
– Посета на Верона,
– ТРАНСФЕРИ без доплата од Струга, Охрид, Ресен и Кичево (попатни трансфери за патниците од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово),
– Организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Факултативните излети и посети,
– Влезниците при посета на културно-историските споменици,
– Патничкото осигурување (без франшиза).
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА:
– Разглед на Милано со стручен водич - 10 € по лице (минимум 30 лица),
– Целодневниот излет и посета на Азурниот брег со стручен водич – 60 € по лице (минимум 30 лица).
НАПОМЕНА: Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 09.05.2020 год.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.