МИЛАНО

ЏЕНОВА | ЛУГАНО | КОМО | ВЕРОНА

1 ДЕН (четврток – 16.04.2020): ОХРИД – СКОПЈЕ   

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Скопје, на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:00 часот.Поаѓање  во 10:30 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце.Патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

 

2 ДЕН (петок – 17.04.2020): OUTLET FRANCIA CORTA – МИЛАНО 

Предпладне пристигнување во шопинг центар FRANCIA CORTA, слободно време за шопинг. Патувањето продолѓува накај Милано.  По пристигнувањето одиме на   разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки... Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН (сабота – 18.04.2020): МИЛАНО  – ЏЕНОВА

Појадок.  Предлагаме целодневен излет до Џенова... вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот ( под заштита на УНЕСКО) - Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг . Враќање во Милано.  Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

4 ДЕН (недела – 19.04.2020): МИЛАНО –ЛУГАНО (ШВАЈЦАРИЈА) – КОМО

Појадок.  Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки.  Потоа го посетуваме  градчето Комо кое се наоѓа на брегот  на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод  покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки.  Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.

 

5 ДЕН (понеделник – 20.04.2020): МИЛАНО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Милано.Попладне поаѓање накај Македонија со попатна посета на Верона. . Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје . Патувањето продолжува  преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи .

 

6 ДЕН (вторник – 21.04.2020): СКОПЈЕ – ОХРИД 

Пристигнување Скопје во пладневните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.02.2020: 11.720,00 денари

Редовна цена на аранжманот: 12.960,00 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје

  • 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Милано

  • Посета на OUTLET SHOPING FRANCIACORTA

  • Посета на Верона

  • Организација и водство на програмата

  • Организација на аранжманот

  • Лиценциран туристички придружник

  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Охрид,  Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување (без франшиза)

  • Разглед на Милано 10€

  • Факултативен излет за Лугано и Комо  35€

  • Крстарење по езерото Комо (30мин) 10€

  • Посета на Џенова 35€

  • Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)

  • Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување