МИЛАНО | ЛУГАНО | ТОРИНО

1 ден (среда – 06.03.2019): ОХРИД – БИТОЛА

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола на Градската Автобуска станица во 07.00 часот. Поаѓање за Италија во 07.30 часот...патот преку води преку Ниш, Белград, Загреб, Трст, Венеција...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ден (четврток – 07.03.2019): МИЛАНО

Пристигнување во Милано во утринските часови. Краток одмор. Панорамски разглед на градот со стручен водич...тврдината Sforcesco, piazza Duomo – централниот плоштад каде се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот DUOMO, катедрала која ја опкружуваат 3400 статуи со фасцинантен изглед, Via Vittorio Emanuelle – најважната шопинг улица и центарот на вечерните збиднувања, црквата Santa Maria Della Grazia (местото каде се наоѓа ремек-делото на Да Винчи „Тајната Вечера“, LA SCALA – зградата на Миланската Опера, една од најпознатите оперски куќи во Светот... Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3 ден (петок – 08.03.2019): МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на градот, или можност за факултативен излет до Швајцарија. Посета на бајковитиот град Лугано, кој се наоѓа на истоименото езеро. Обиколка на главниот градски плоштад Della Riforma, црквата San Roco, Santa Maria Degli Angeli како и паркот на вилата Ciani. Слободно време за прошетка низ градот, или покрај езерото Лугано. Посета на Комо...посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата, Бролето, зидините кои го обиколуваат скоро целиот град...факултативно крстарење со брод по езерото, можност да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Бекам, Мадона, Макартни...Враќање во хотелот во попладневните часови. Вечерта – по желба, можност за ноќна прошетка низ Милано. Ноќевање.

4 ден (сабота – 09.03.2019): МИЛАНО – ТОРИНО

Појадок. По појадокот – Ви нудиме посета на Торино (факултативно), главниот град на покраината Пиемонт...лежи на реката По, а познат е и како “најидустрискиот“ град во Италија, кој е седиште на светски познатите автомобилски компании Fiat, Lancia i Alfa Romeo…беше седиште на фамилјата Савоја и е познат по 18-километарските аркади кои датираат од 1500.година, изградени за да овозможат непречена прошетка на кралот и неговата свита...прошетка низ Parco Valentino – еден од најзначајните симболи на Торино...во внатрешноста на паркот се наоѓа прекрасната и огромна фонтана La Fontana dei Mesi e delle Stagioni, а исто така ќе го посетиме и малиот средновековен град – многу убав и интересен да се прошета...се упатуваме кон центарот на градот, кон Piazza Vittorio Veneto, каде се наоѓа црквата Gran Madre di Dio. Нашата прошетка продолжува кон Mole Antonelliana – симболот на Торино, највисоката градба на светот (од оние кои што се зидани со тули) 163 метри (со панорамска тераса на висина од 85 м.), доаѓаме до Piazza Castello, каде се наоѓа Teatro Regio – еден од најзначајните театри во Италија...на истиот плоштад се наоѓа Palazzo Reale, Chiesa di San Lorenzo, Palazzo Madam. Продолжуваме кон Piazza San Carlo (најубавиот плоштад во Торино), па Piazza Carlo Alberto во чија близина се наоѓа познатата Via Roma…на тој плоштад се наоѓало седиштето на Фашистичката партија од каде Мусолини ги држел своите говори…враќање во Милано во касните попладневни часови...Ноќевање.

5 ден (недела – 10.03.2019): МИЛАНО – ВЕРОНА – БИТОЛА

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за Верона со попатна посета на ТЦ Franciacorta Shopping Mall. Пристигнување во Верона во раните попладневни часови...прошетка низ Стариот Град...плоштадите Бра и Ербе, Арената, куќата на Јулија...поаѓање за Македонија во касните попладневни часови. Патот води преку Трст, Загреб, Белград...ноќно и денско патување со кратки попатни паузи.

6 ден (понеделник – 11.03.2019): БИТОЛА – ОХРИД 

Пристигнување во Битола во попладневните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.090,00 денари – за УПЛАТА до 31.01.2019 година!

Редовна цена на аранжманот: 11.690,00 денари

Начин на плаќање: 30 % од износот при резервација. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – 10 дена до поаѓање.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • 3 НП во хотел во Милано со 4* (UNA Hotel MALPENSA; www.gruppouna.it/en/unahotels/unahotels-malpensa)

  • Разглед на Милано со стручeн водич

  • Посета на Верона

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

  • Организирани трансфери БЕЗ доплата од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје, Куманово.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Факултативните излети и посети

  • Влезниците при посета на културно-историските споменици

  • Патничкото осигурување

 

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА:

Посета на Лугано – 25 € по лице (автобус+стручен водич – минимум 25 лица) – препорака, 

Крстарење со брод по езерото Комо – 15 € по лице (минимум 25 лица) –  препорака, 

Посета на Торино – 25 € по лице (автобус+стручен водич – минимум 25 лица) – препорака.

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.

 

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 28.02.2019 година

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување