МАКЕДОНИЈА - ВЕЧНА

4 ДНЕВНА ТУРА

14 ГРАДОВИ 

ПОАЃАЊЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП И ОХРИД

ИНФОРМАЦИИ НА 046/265-033

ИЛИ ВО АГЕНЦИЈА

ПРВ ДЕН | Состанок на групата во 07.00 часот пред Хотел Епинал и поаѓање за Смилево, со посета на „Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ и споменикот на еден од основачите на ВМРО, Даме Груев. Потоа заминување за Крушево, со посета на „Спомен куќата на Тоше Проески“, споменикот „Македониум“, како и посета на гробот на Тоше Проески и Питу Гули. Од Крушево заминување на Прилеп, со слободно време за ручек, а потоа посета на винарската визба „Попова кула“ во Демир Капија. Сместување во хотел во Струмица. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН | Појадок. Во утринските часови посета на средновековните манастири во Струмичко, „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса и „Св. Леонтиј“ во Водоча. Потоа посета на Смолари и Смоларскиот водопад, а оттаму заминување за Берово со слободно време за ручек.
Од Берово заминување за Куклица и посета на локалитетот Камени Кукли. Сместување во Кратово. Вечера. Ноќевање.


ТРЕТ ДЕН | Појадок. Заминување за Крива Паланка и посета на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Оттаму заминување за Скопје
и посета на Старата скопска чаршија и гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. Посета на „Музејот на македонската броба за државност и самостојност“. Потоа заминување за Горно Нерези, Скопско и посета на комплексот Македонско село. Сместување во
хотел. Вечера. Ноќевање.


ЧЕТВРТ ДЕН | Појадок. Заминување за Лешок, Тетовско со посета на Лешочкиот манастир и гробот на македонскиот преродбеник Кирил
Пејчиновиќ. Потоа попатна посета на бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“ и преку Дебар заминување за Вевчани со посета на
Вевчанските извори и слободно време за ручек. Заминување за Струга. Слободно време.. Враќање во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.890,оо МКД

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Превоз со високотуристички автобус (клима, ДВД, фрижидер, ТВ)
• Сместување во хотел со вечера и доручек
• Влезници за наведените локалитети
• Организација и водство на аранжманот

Во цената се вклучени влезниците за:
- Музејот на Македонската Борба
- Влезница во винарска визба
- Музеј Лешок
- Вевчански Извори
- Mакедониумот
- Спомен куќата на Тоше Проески
- Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес
- Куклица


ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Патничко осигурување

 

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean