

ЛУТРАКИ
1 ДЕН (сабота/недела – 07/08.03.2020): ОХРИД – БИТОЛА – ЛУТРАКИ
Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во 06:30 часот на паркингот кај спортската сала. Поаѓање за Лутраки во 07:00 часот. Се патува преку г.п. Меџитлија. Пристигнување во Лутраки претпладне. Слободно време и посета на комплексот термални извори и капење во истите. Овој спа-центар е сместен на јужната страна од планината Кајмакчалан, на надморска висина од околу 390 м. Топлите извори се создаваат од дождовната вода, која влегува во земјата каде се затоплува и збогатува со минерали. Природниот спа-центар има инфраструктура и објекти како покриен и откриен базен, приватни бањи, кафе бар. Температурата на водата во овој центар е константна преку цела година и изнесува 37℃, со многу лековити својства. Во попладневните часови организиран ручек со музика и еден пијалок во ресторан Калофагас. Планирано поаѓање за Битола во приквечерните часови. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1.940,00 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-
организиран превоз на горенаведената дестинација
-
организиран ручек со мени, еден пијалок и музика
-
организација, водство и реализација на аранжманот
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-
влезниците при посета на спа-центарот / 2 или 3 € (во зависност од базенот)
-
патничкото осигурување
-
доплата за превоз од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп – 5 € по лице
Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.