НИКИАНА | ВИЛА ПОРТО ФИНО

Локација

Лефкада е прекрасен остров на Јонско море, идеален за активен одмор, со премногу плажи, заливи и островчиња за истражување.

Вилата Porto Fino е во Никиана, мало рибарско место со идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, а близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Има три поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плажи на кои можете да уживате под природни сенки, а и автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус.

 

GPS Координати: 38.755306, 20.719556

Плажа: 30 метри од градската песочна плажа.

 

Опис на објектот: Сите студија се опремени со кујна, клима (доплата 5€ на ден), телевизор и тераса со страничен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

1/3 студио: еден брачен кревет и еден единечен

1/4 студио: еден брачен и два единечни кревети на спрат

 

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за "early booking": За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

 

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Клима уредот и wi-fi: вклучени во цената.

Во цената не е вклучен превоз.  

Време на поаѓање и цена за превоз од Македонија за Лефкада (секоја среда):

01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола -  45€ по лице 
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола -  45€ по лице

12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Велес и Битола - 50€ по лице

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола - 45€ по лице

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) трансфер до Битола - 45€ по лице
04:00 h Битола (Градска Автобуска Станица) - 40€ по лице

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола - 45€ по лице

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) - 45€ по лице

02.15 h Струга (Хотел Дрим) - Трансфер до Битола - 45€ по лице

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) - 45€ по лице

- Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редовната цена

- Деца до 1,99 години: бесплатно

Поаѓање од Грција: 

13:30 h локално време, ( 12:30 h мак.време) Нидри
13:45 h локално време, ( 12:45 h мак.време) Никиана
14:30 h локално време, ( 13:30 h мак.време) Агиос Никитас
15:00 h локално време, ( 14:00 h мак.време) Катизма

1/1

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,

Попустите не може да се комбинираат,

Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на патување.

 

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.

Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување