КУШАДАСИ-ЕФЕС-ПАМУККАЛЕ

1 ден (четврток – 26.04.2018): БИТОЛА/СКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ

Поаѓање од Битола пред Спортска сала Младост во 17:00 часот, (попатно Прилеп, Кавадарци, Неготино) поаѓање од Скопје од пред ВИП хотел во 17:30 часот (попатно Велес) попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење (се патува преку Грција).

2 ден (петок – 27.04.2018): ЧАНАККАЛЕ – КУШАДАСИ

Пристигнување во Чанаккале во предпладневните часови. Посета на центарот на градот каде се наоѓа статуата Тројански коњ од истоимениот филм поклон на градот од актерот Бед Пит. Можност за кафе пауза - факултативно.  Заминување за Кушадаси. По пристигнувањето сместување во хотел. Одмор. Факултативно крстарење со брод. Посета на старата чаршија, центарот на Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

3 ден (сабота – 28.04.2018): КУШАДАСИ – ПАМУККАЛЕ – КУШАДАСИ

Појадок. Заминување за Памуккале (188 км), планина-единствена од ваков вид во светот. По пристигнувањето во Памуккале посета на античкиот град Хиераполис, кој е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината - феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C. Ручек. По посетата враќање во Кушадаси доцна попладне. Попатно посета на фабрика за текстил и фабрика за  изработка на предмети од Жад. Вечера. Ноќевање. Слободна вечер – факултативно посета на дискотека.

 

4 ден (недела – 29.04.2018): KУШАДАСИ – ЕФЕС – КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА – КУШАДАСИ

Појадок. Заминување и посета на куќата на Дева Марија (каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос) по посетата заминување за Селџук и посета на грандиозниот локалитет Ефес. По посетата враќање во Кушадаси. Слободно време можност за посета (индивидуално) на една од многубројните плажи: Ladies  Beach, Golden Beach…. Вечера. Ноќевање. Слободна вечер – можност за факултативна посета на национален клуб со стомачни танци.

5 ден (понеделник – 30.04.2018): КУШАДАСИ – ИЗМИР – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно време до поаѓањето за Измир. Панорамски разглед на градот од автобус.  Слободно време за прошетка низ центарот (плоштад Конак) во Измир. Индивидуални посети, прошетки во Измир до поаѓањето за Македонија. Продолжување за Македонија, попатни одмори, ноќно возење, царински формалности.

6 ден (вторник – 01.05.2018): МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.430,00 денари – за УПЛАТА до 31.03.2018!

Редовна цена на аранжманот: 9.420,00 денари

Доплата за сместување во еднокреветна соба 2.790,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

Превоз со туристички автобус на наведената релација

3 полупансиони во хотел Surtel 3* (или сличен) во Кушадаси

Посета на Чанаккале

Панорамски разглед на Измир од автобус

Локален професионален водич за Памуккале

Локален професионален водич за Ефес

Придружник на групата

Организација на аранжманот

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

Патничко осигурување

Лични трошоци

Ефес и Куќата на Дева Марија-со влезница (минимум 25 патници) - 35€

Памуккале - со платена влезница + ручек (минимум 25 патници ) - 40€

Крстарење со брод - 20€

Дискотека (влезница)

Национален ресторан - стомачен танц

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување