КСАМИЛ | ВИЛА ХРИСТО

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места. 

Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

Вила Христо се наоѓа на само 60 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на градот. Располага со трокреветни студија со можност за дополнително легло, кои се наоѓаат на прв и втор кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима,WI-FI.

-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 28.02.2022
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.03.2022
-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.05.2022

Цените се дадени за НАЕМ на соба за 7 ноќевања, БЕЗ вклучен превоз, по курс од 1€ = 62 ден

KSAMIL - HRISTO.png

НАПОМЕНИ:
- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.


ПОПУСТИ:
- За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!


ПЛАЌАЊЕ:
-  Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
-  Уплата при резервација 50% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
-  За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.


Агенцијата како организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

 

ПРЕВОЗ:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку граничен премин Ќафасан: 

Скопје (Дрводекор) - Трансфер до Битола 50€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 60€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 50€ по лице
** Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку граничен премин Ќафасан:
Битола (Пред спортска Сала) – 50€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола  –50€
Струга (Хотел Дрим) – 50€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – 50€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – 50€ по лице
** Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :

Сатници на поаѓање: 

22:00 h Скопје (Дрводекор) – трансфер до Битола-ден претходно

22:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола-ден претходно

21:30 h Штип (Нова Пошта ) трансфер до Битола-ден претходно

23.20 h Дреново (Бензиска пумпа) трансфер до Битола-ден претходно

00.00 h Прилеп (Бензиска пумпа Лук Оил На излезот за Скопје)  трансфер до Битола

01:00 h Битола (автобуска станица Транскоп На перон)

01.30 h Ресен (спроти автобуска станица ) Ресен

02:00 h Охрид (бензиска Пумпа Лук Оил наизлезот кон Битола)

02.20 h Струга (на кружниот тек на влезот)

** Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%   

press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
1/1