
КСАМИЛ | ВИЛА БУШАТИ
Вила Бушати се наоѓа на околу 60 метри од една од преубавите плажи во Ксамил.
Има две креветни, три креветни, четири креветни студија(1/3+1 помошен лежај) и студија со 4 кревети (се наоѓаат на високо приземје).
Студијата се опремени со кујна, клима, фрижидер, СМАРТ ТВ (можат да се поврзат со wi-fi од вилата). Дел од Студијата се со поглед кон море. Во дворот на вилата има и скара, која можат клиентите да ја користат за своите потреби. Во вилата има паркинг кој е на располагање на клиентите. Има WI-FI. Вилата поседува и агрегат во случај да дојде до прекин на ел. енергија.
ДУПЛЕКСОТ се наоѓа во стамбена зграда, чија надворешност не е атрактивна и преставува постара фасада (градба) . Внатрешноста на апартманот е комплетно реновирана и поседува една дневна соба со два дупли каучи на пуштање и плус две спални соби една со француски една со одвоени кревети (кои по потреба се спојуваат) – опремен за ДВЕ ФАМИЛИИ. Опремен е со кујна, клима, фрижидер, ТВ, WI-FI.
Координати: 39°45’59.1″N 19°59’53.1″E
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 15.03.2019
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 01.05.2019

Цените во табелата се дадени ПО СТУДИО ЗА НАЕМ 7 ноќи – 8 дена, без превоз
Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
Сместување во собите е во 13 часот по локално време а напуштање на апартманите е во 10 часот по локално време
Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 61,8 денари.
Местоположба: Вилата се наоѓа на околу 60 метри од една од преубавите плажи во Ксамил, првата продавница е на само 15 м.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА КСАМИЛ ПРЕКУ ГРЦИЈА:
Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола – 35€
Битола (Пред спортска Сала) – 35€ по лице
Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 55€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -45€ по лице
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :
00:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер
00:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
00:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
01:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
03:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
02.00h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
01:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
01.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
01:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер
Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА КСАМИЛ ПРЕКУ АЛБАНИЈА:
Прилеп (Марко Цепенков) – 40€
Битола (Пред спортска Сала) – 40€ по лице
Деца од 2-11,99год: -15еур од цената на возрасен