ВЕЛИГДЕН на Јонско море

(Парга-Лефкада-Крф-Мецово)

Прославувањето на Велигден на остроф Крф се смета за нај традиционално во цела Грција. Повеќе илјада туристи се собираат на тој ден да го одбележат овој христијански празник и да се дел од оваа прекрасна комбинација од богата историја на островот со традиционалните религиозни обичаи.

1 ДЕН (петок – 17.04.2020): СКОПЈЕ – БИТОЛА – ЈАНИНА – ПАРГА

Состанок на групата во 06,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 06:30 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на хипермаркетите Џамбо и Икеа во Јанина со можност за шопинг. Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Ноќевање 1.

2 ДЕН  (сабота – 18.04.2020): ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА КРФ

Појадок. Заминување за Игуменица во раните утрински часови . Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот Крф. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде што ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 10 ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време – 15:00 Заминување на групата за качување на ферибот. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање 2.

 

3 ДЕН  (недела – 19.04.2020): ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ЛЕФКАДА

Појадок. Организирано заминување за екскурзија Лефкада во 10,00 часот. Посета на градот Лефкас како и разглед на островот од морска страна , со прекрасната природа, надалеку прочуените крајбрежја. ФАКУЛТАТИВНО-Организирано крстарење на Лефкада и островот Скорпиос….15 Еур. Можност за факултативен ручек во рибен ресторан – таверна. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање3.

 

4 ДЕН (понеделник – 20.04.2020): МЕЦОВО – МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно претпладне.  Заминување за Македонија со попатна посета на Мецово-прекрасно планинско гратче, каде ќе може да се купат локални сувенири и вкусат надалеку познатите специјалитети на жар.. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.380,00 денари

Деца 2-12 години со 2 возрасни 65 еур.

Сопствен превоз на барање.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски и бродски превоз на наведената релација

  • 3 ноќевања со појадок во апартмани Парга ( греење, ТВ, интернет)

  • Разгледи на Парга, Лефкада, Крф (Керкира)

  • Организација на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување

  • Факултативни влезници на локалитетите

  • Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје и Велес 10 Еур/лице, Прилеп, Охрид и Кавадарци 5 Еур/лице

 

За реализација на оваа програма се потребни минимум 40 патници.

Со овој програм важат општите услови на патување на СКТМ

Цени за сопствен превоз:

1/2 студио 35 Еур/наем на ден
1/3 студио 40 Еур/наем на ден
1/4 студио 45 Еур/наем на ден
1/5 апартман 60 Еур/наем на ден

Цените се дадени во Еур за плаќање во денарска противвредност.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean