

КОСТУР
1 ден (10.03.2018 – сабота): БИТОЛА – СВ. АХИЛ – КОСТУР
Состанок на групата во Битола во 04:45 часот. Поаѓање во 05:00 часот за Грција. Пред пладне, пристигнување на Малото Преспанско Езеро и посета на островот Агиос Ахилеос (Св. Ахил) и базиликата. На островот Агиос Ахилеос (Свети Ахил) се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа, подигнат од Цар Самоил во 10 век. Во руините на базиликата Свети Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб. Поаѓање за Костур. Пристигнување после пладне. Со мала прошетка покрај Костурското езеро, посета на Манастирот Св. Богородица Мавровска, изграден во X век. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот познат по индустријата за производство на крзно, вечера во некоја од таверните, прошетки покрај убавото езеро кое изобилува со растителен и животнски свет... Ноќевање.
2 ден (11.03.2018 – недела): КОСТУР – МЕТЕОРИ – БИТОЛА
Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање за Метеори. Околу пладне, пристигнување на Метеори, каде имаме посета на еден или два од неколкуте Византиски манастири (манастирот Свето Преображение и манастирот Варлаам) кои се надвиснуваат над Каламбака. По разгледот – посета на работилница за изработка на црковни предмети и икони, кои се изработуваат според древната црковна традиција. Можност за факултативен ручек во некоја од многуте таверни во Каламбака и слободно време за прошетка низ улиците на малото гратче... Состанок на групата во претходно догворено време и планирано поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови.
Цена на аранжманот: 1.980,00 денари
Начин на плаќање: 30 % од износот при резервација. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – 10 дена до поаѓање.
Цената на аранжманот вклучува:
-
автобуски превоз на горенаведената релација
-
посета на островот Св. Ахил и базиликата
-
1 НП во хотел во Костур
-
посета на Метеори
-
посета на работилница за икони
-
посета на Каламбака
-
организација, водство и реализација на аранжманот
Цената на аранжманот не вклучува:
-
патничкото осигурување
Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.