
KOMPLEKS MIZO
Комплексот Мизо се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, во близина на старата рибарска населба Канео и на само еден километар од старата охридска чаршија.Комплексот располага со: отворен базен, приватна плажа, ресторан, приватна марина (платформа), спортски терени (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал) и сопствен паркинг.
Хотелот Мизо располага со 36 соби во кои гостите имаат на располагање сопствени тераси, WI–FI, кабловска телевизија, опремени се со клима уреди, мини барови и сопствени купатила.
Во состав на Хотел Мизо 1 има ресторан за индивидуални гости, ресторан за свадби и други свечености со можност за пренамена за одржување на средби, конференции, состаноци, семинари... Ресторанот има капацитет за 550 гости. На самиот брег на езерото има летна тераса која нуди разни видови пијалаци и вкусна храна.
ДЕПАНДАНСИ
Трите Депанданси се придружен дел на Хотел Мизо и располагаат со стандардно уредени двокреветни и трокреветни соби.
Сопствениот приватен паркинг на хотелот значи поголема сигурност на вашето возило.
Депанданс 1 располага со 29 соби од кои повеќето се со поглед кон езеро и кон отворениот прекрасно уреден базен со лежалки.
Депанданс 2 има 20 соби повеќето со поглед на езеро. Собите се изградени по современи стандарди и комплетно опремени со туш кабини, телевизори, клима уреди, мини барови, WI-FI.
Депанданс 3 има 24 соби . Собите се изградени по современи стандарди и комплетно опремени со туш кабини, телевизори, клима уреди, мини барови, WI-FI.
ВИЛИ
Во склоп на комплексот Мизо се и 10 прекрасно уредени вили. Спортските терени кои ги исполнуваат современите стандарди се одлична можност за спортски екипи за одржување тренинзи или спортски игри или пак за разонода за гостите во слободното време.

*Цените се однесуваат за едно лице во соба.
*Во цените е вклучена туристичка такса.
ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:
*Деца до 5 години - ГРАТИС.
*Деца од 5 до 8 години 50% попуст при ноќевање.
*Деца од 8 до 11 години 30% попуст од редовната цена по лице.
*Доплата за дополнителен оброк е 7€
* Секој оброк за деца од 1 до 12 години се наплаќа по 5€























