КАВАЛА | ТАСОС | ДРАМА

1 ден (23.05.2020 – сабота): ОХРИД – БИТОЛА – КАВАЛА – ТАСОС

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола во 03:30 часот на паркингот пред спортската сала. Поаѓање за Грција. Патување до Кавала со кратки попатни одмори, покрај Воден, Јаница, Солун. Пристигнување во Кавала во утринските часови. Разглед на градот: тврдината, Имаретот, споменикот и куќата на основачот на Египетската династија, Аквадуктот... Слободно време за индвидуални прошетки по белите улици на градот со богата историја, цркавта Св. Богородица, Св. Никола, Св. Апостол Павле, Св. Јован и Хали-беговата џамија, уживање покрај море и дегустирање на локалните специјалитети.После пладне поаѓање за Керамоти. Трансфер со траект до Лименас, главниот град на Тасос. Продолжување на патувањето до Лименарија, вториот по големина град на острвот. Сместување во апартмани и студија. Слободно време за прошетки и запознавање со местото. Ноќевање.

 

2 ден (24.05.2020 – недела): ТАСОС

Во утринските часови, состанок на групата и поаѓање за факултативна прошетка низ островот и запознавање со неговите главни обележја. Посета на Манастирот Св. Архангел Михаил, изграден на самите карпи, во прекрасна природа. Околу манастирот има бројни приказни за моќта на светецот за исполнување на желби и исцелување на болни. Патувањето продолжува со посета на полуостровот Алики. Слободно време за капење во неверојатно провидната вода, уживање на плажа или посета на археолошиот локалитет на островот. Продолжување на патувањето со посета на Панагиа, традиционалното градче во североисточниот дел на островот, кое пружа одличен поглед на морето и планините, каде може да купите мед со плодови и да ги посетите легендарните извори на љубовта. Во вечерните часови, факултативна организирана грчка вечер во внатрешноста на островот, местото Теологос, познато по вкусните специјалитети од јарешко месо на жар. Ноќевање.

 

3 ден (25.05.2020 – понеделник): ТАСОС – ДРАМА – БИТОЛА – ОХРИД

Во утринските часови, напуштање на собите и поаѓање за Лименас, трансфер со траект до Керамоти. Продолжување кон Драма, градот кој освојува со својата природна убавина и водените површини и паркови. Слободно време за прошетка и разглед на центарот на градот. Во попладневните часови, посета со влезница на една од најубавите и најбогатите пештери во Европа, пештерата Алистрати. Во доцните попладневи часови поаѓање за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови. Трансфер за патниците од другите градови.

 

Цена на аранжманот: 4.840,00денари

-          Трето лице во студио или апартман плаќа 4.340,00 денари

-          Четврто, петто и шестто лице во апартман плаќаат 4.340,00 денари

-          Дете до 5 години кое не користи кревет, плаќа 2.540,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • Бродски билети на релација Керамоти – Лименас – Керамоти

  • 2 ноќевања во студија и апартмани во Лименарија

  • Полудневен излет на островот

  • Посета на Кавала

  • Посета на Драма

  • Посета со влезница на пештерата Алистрати

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување

  • Организирана грчка вечер во Теологос - 20€ по лице (мин. 25 за реализација)

  • Превоз од Охрид, Ресен, Струга, Прилеп – доплата од 5€ по лице

 

Напомена: За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници,во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean