КАПАДОКИЈА

СО АНКАРА И СОЛЕНО ЕЗЕРО

1 ДЕН (26.04.2019 – Петок): ОХРИД – СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09 30 ч.. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку Грција,  граничен премин Богородица (Солун, Кавала, Истанбул...), со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ДЕН (27.04.2019 – Сабота): СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ – КАПАДОКИЈА

Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 8о км. Широко 50 км. Длабоко 50 см. ( во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро...  По одморот продолжуваме кон Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во хотел. По кусиот

одмор предлагаме индивидуална прошетка и запознавање со центарот. Вечера. По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен Сарај од средниот век, сместен покрај некогашниот пат на свилата (факултативно). Ноќевање.

 

3 ДЕН (28.04.2019 – Недела): КАПАДОКИЈА > ЛЕТ СО БАЛОН – ГОЛЕМА ТУРА – ТУРСКА ВЕЧЕР

Денот е предвиден за 3 возбудливи факултативни излети:

1. ЛЕТ СО БАЛОН: Рано наутро при магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон, над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно се издига, слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот, воодушевувајте се на магијата со која Пилотот управува и  восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 80-100 балони во лет, и секако магичнот изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балон. Враќање во хотел. Појадок.  

2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град Деринкују, изграден од вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, 8 катови, 55 м. под земја... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, од двете страно опколена со цркви на карпите. Прошетката е во должина од 3 км. со пауза за освежување во традиционална чајџилница... Пауза за ручек во селото Белисирма... Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот религиозен објект во областа Кападокија, издлабен во карпите во 13 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир, со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. За крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Вечера.

3. ТУРСКА ВЕЧЕР: После вечерата ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц во автентичен амбиент од Кападокија. Шоуто го следиме со дегустација на локално вино, турско мезе и апетисани. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ДЕН (29.04.2019 – Понеделник): КАПАДОКИЈА > СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА – АНКАРА

Појадок. Одјавување од хотел. Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот 10-12 век, велелепни цркви вклесани во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј... Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир.  Следи разглед на  Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила... а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци. Можност за дегустација на локални вина во една од најстарите винарии во Кападокија.... Полни со впечатоци, поаѓаме кон Анкара. По пристигнувањето сместување во хотел. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање

 

5 ДЕН (30.04.2019 – Вторник): АНКАРА

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминуваме на разглед на главниот град на Турција со локален водич (факултативно)... Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција, Музејот на Анадолските цивилизации, Етнографскиот музеј, старата зграда на Парламентот, Цитаделата... Слободно време за индивидуални активности. Во договор со водичот, состанок на групата и поаѓање кон Македонија. Се патува покрај Истанбул, граничен премин Ипсала, преку Грција, (Кавала, Солун) граничен премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

6 ДЕН (01.05.2019 – Среда): СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија:

ХОТЕЛ 4* - Ѓореме > ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплата до 30.03.2019: 10.480 денари

Редовна цена на аранжманот: 11.720 денари

CAVE ХОТЕЛ  - Ѓореме > ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТза уплата до 30.03.2019: 11.470 денари

Редовна цена на аранжманот: 12.710 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,

  • Сместување во Анкара во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,

  • Сместување во Кападокија во хотел  4* на база 2 ноќевања со појадок и вечера  

  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу

  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

  • Организиран трансфер од Oхрид, Битола, Прилеп, Кавадарци(Дреново), Струмица, Штип, Велес, во еден правец на 26 Април

(Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

 

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување без франшиза

  • Разглед на Анкара со локален водич (10 €)

  • Голема Тура Кападокија совлезници и  вклучен ручек (без пијалок) (45€)

  • Турска вечер со шоу програма - (35€)

  • Танц на дервишите /церемонија - (25€)

  • Срцето на Кападокија со влезници и ручек (45€)

  • Лет со балон – (150€) – резервација при уплата

  • Влезници за локалитети и цркви

  • Доплата за еднокреветна соба – 3.600 ден 

  • (Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот)
     

НАПОМЕНА: 

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* За ЛЕТ СО БАЛОН, задолжителна е предрезервација во агенција при пријавувањето.

* Цените на влезниците и летот со балон може да претрпат промени во зависност од цените на влезниците во моментот на посета.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување