КАПАДОКИЈА

1 ДЕН 09.10.2019 (среда) СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР                                             

Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 10:00 часот. Поаѓање во 10:30 часот се патува преку Грција, граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Патот не води преку Кавала, граничен премин Ипсала. Време за царински формалности, патувањето продолжува према Истанбул – Анкара – Невшекир, ноќно возење се до наредниот ден до пладневните часови.

2 ДЕН-10.10.2019 (четврток) КАПАДОКИЈА – НЕВШЕКИР

Попатна пауза и краток одмор на соленото езеро Туз Ѓолу, кое е едно од најголемите езера во светот од ваков вид. Во договорено време со групата и водичот тргнување кон Кападокија. Пристигнување во Кападокија/Невшекир во попладневните часови. Сместување во Хотел, време за одмор, релаксација и слободни активности. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН-11.10.2019 (петок) КАПАДОКИЈА

Појадок. Заминување на факултативен разглед со стручен локален водич на регионот Кападокија – вулканска област со карпести пејсажи кои датираат од пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено – Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кое е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ќе се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера. Припрема за факултативна посета на традиционален турски ресторан пропратено со ориентални музика и танци, (вклучува трансфер, неограничени локални пијалоци, и апетисани). Ноќевање.

4 ДЕН-12.10.2019 (сабота) КАПАДОКИЈА

Рано наутро околу 04:30 часот. (трансвер од хотел), факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување (се разбира доколку временските услови дозволуваат). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел помеѓу 07:15 и 07:30 часот. Појадок. По појадокот факултативно околу 10:00 часот средба со стручен локален водич и трансфер се упатуваме кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се обиколени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Враќање во хотел. Вечера. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

5 ДЕН-13.10.2019 (недела) НЕВШЕХИР – АНКАРА – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот околу 11:00 напуштање на хотелот, багажот во автобус и се упатуваме према Анкара, главниот град на Турција. Каде ќе имаме можност за посета на мавзолејот на Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција. По посетата на мавзолејот време за слободни активности, прошетка и можност за шопинг во Анкара. Во вечерните часови во договор со групата поаѓање за Македонија. Ноќно и дневно возење преку Грција, со попатни паузи и време за царински формалности. Пристигнување во Македонија наредниот ден 14.10.2019 во пред-пладневните часови.
 

ULTRA FIRST MINUTE УПЛАТА ОД 50% ДО 01.09.2019 – 159€/9.860ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 189€/11.720 ден

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо туристички автобус на дадената релација

  • 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел 3* или 4* во Кападокија

  • Посета на Анкара и соленото езеро Туз Ѓолу

  • Трансфер до хотел Невшехир – Угруп/Кападокија

  • Претставник/пратител од агенцијата за целиот престоj

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултатива од трет ден со сите влезници и ручек опишани во програмата – 45€

  • Факултатива од четврти ден со сите влезници и ручек опишана во програма- 45€

  • Посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци, музика, со вклучени неограничени пијалоци и апетисани, трансфер – 35€

  • Дервишка претстава/церемонија – 25€

  • Летање со балон (по цена на чинење во моментот)

  • Доплата за соба 1/1 (сам во соба) 1900 денари

  • Индивидуални трошоци

Задолжително патничко и здравствено осигурување

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување