КАПАДОКИЈА

1 ден (23.05.2018 – среда): БИТОЛА
08:30ч. Собир на групата пред спортската сала Младост Битола. Заминување кон Турција во 09.00 часот. Патот води преку Прилеп, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Грција и истото трае отприлика 24 часа со предвидени паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден (24.05.2018 – четврток): КАПАДОКИЈА

Предвидена подолга пауза пред пристигнувањето на второто по големина солено езеро Туз Ѓолу (Tuz Gölü)

Пристигнување во Кападокија во пладневните часови, област која е позната по своите релјефни форми од пред десет илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Оваа област е споменета уште во Библијата. Раните Христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија. Под дејство на водата и воздухот се создале тие чудни форми- чуда на природата.

Сместување во хотел. Во договореното време факултативно се поаѓа на традиционална турска ноќ со програма на познатите Дервиши каде имате достапност на алкохол и мезе. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (25.05.2018 – петок): КАПАДОКИЈА

Појадок. Панорамски разглед. Поаѓање за Ѓореме – огромен манастирски комплекс, посебни манастири – секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите, со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 година. Посета на Црквата Св.Варвара (11.век), Змиската Црква (11.век), Епл Црквата (12.век), Темната Црква (11.век), Сандали Црквата (12-13.век). По манастирскиот комлекс групата се упатува на посета на Зелве. Слободно време за ручек. Посета на глинена – порксалан фабрика, имагинарната и Свети Симон долината. Организирана дегустација на вино и различни видови на сирења. Во попладнедните часови се упатуваме кон Црвената Долина каде ќе бидеме сведоци на најубавото зајдисонце и каде се доживува една од најубавите глетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден (26.05.2018 – сабота): КАПАДОКИЈА

Појадок. Во договорено време заедно со локален водич одиме на посета на подземниот град Деринкоју, посета на манастирите на Селим, долината на галебите, фабрика за оникс и скапоцени камења. По разгледот се упатуваме во долината на Ихлара. Предвидено враќање назад во хотел во 18ч. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

 

5 ден (27.05.2018 – недела): КАПАДОКИЈА

Рано наутро околу 04:00 часот, можност за факулативен лет со балон на топол воздух над самовилските оџаци на магичното изгрејсонце во Кападокија. Класичната обиколка на оваа туристичка атракција во Централна Анатолија од балон го вклучува разгледувањето на местото Ѓореме од воздух кое целосно е сместено помеѓу карпи, а во кое и денес живеат голем број жители. Појадок. По појадокот спакувани и одјавени од хотелот групата се упатува кон Во договореното време тргнување назад за Македонија.

 

6 ден (28.05.2018 – понеделник): МАКЕДОНИЈА

Пристигнување назад во Македонија во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 11.160,00 денари – за ЦЕЛОСНА уплата до 01.05.2018!

Редовна цена на аранжманот: 12.338,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

– Бесплатен трансфер од Скопје и Велес
– Автобуски превоз на горенаведената релација
– 3 ноќевања со појадок во хотел во Кападокија
– Пратител за време на патувањето

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

– Патничко осигурување
– Едночасовно летање со балон во Кападокија (поделатни информации ќе добиете во агенција)
– Посета на подземниот град Деринкоју со локален водич и превоз (10 евра по лице)
– Турска национална вечер (30 евра по лице)
– Посета на манастирскиот комплекс Ѓореме, долината Зелве и манастирите на Селим со локален водич и превоз (20 евра по лице)
– Индивидуални трошоци

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници во спротивно организаторот смее да ја откаже до пет дена пред тргнување
– Важноста на патната исправа мора да е минимум шест месеци за влез во Р. Турција во спротивно организаторот не сноси никаква одговорност.
– Во зависност од временските услови организаторот може да ја измени програмата на лице место.

За резервација потребен е депозит од 30%. Остатокот се доплаќа една недела пред тргнувањето.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean