КАЛИТЕА

КАЛИТЕА е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во кристално чистата вода и белиот песок на плажата која скоро секоја година е наградувана со плаво знаменце. Калитеа сместена во прекрасната околина опкружена со борови дрва Ви овозможува да уживате во многубројните таверни, кафе барови, бутици, дискотеки и ноќни клубови кои ги привлекуваат туристите од сите околни места со што се вбројува во еден од најзабавните градови на Халкидики.

Период: 06.04-08.04.2018 – 2 Ноќевања

Програма на патувањето:

1 ден (петок – 06.04.2018): Собир на групата во 04:00 h на Дрводекор во Скопје, или Автобуска станица Транскоп Битола, поаѓање према Калитеа, пристигање и сместување во некоја од вилите по избор. Слободно време. Ноќевање.

2 ден (сабота – 07.04.2018): Слободно време за индивидуални активности. Собир на групата во вечерните часови и посета на локалната црква во Калитеа.

3 ден (недела – 08.04.2018): Собир на групата во 14:00 h, поаѓање према Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.650,00 денари по лице

Сместување во Вила Димитра или Вила Посеидон

3 то и 4 то лице – 10 евра од редовната цена.

Цената на аранжманот вклучува:

Автобуски превоз на горе наведената релација,

2 ноќевања во апартманско сместување

Организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

Патничко осигурување.

Факултативните излети и посети.

Организиран превоз од: Скопје, Велес, Битола, Прилеп, Штип.

Доплата за трансфер од Охрид и Струга – 5евра по лице.

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 45 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување