ЈЕРИСОС | СТУДИЈА и АПАРТМАНИ КЛЕР

Објект кој се наоѓа на 180 метри од плажа. Во објектот се наоѓаaт студија за 2 и 3 лица, како и апартмани за 4, 5 или 6 лица. Студијата се наоѓаат на приземје, располагаат со комплетно опремени мини кујни, WI-FI, клима уред (користењето е вклучено во цената). Апартманите се едноспални, односно располагаат со две пространи соби од кои во едната соба се наоѓа и комплетно опремена кујна, а во другата има креветчиња на спрат и брачен кревет, тоалет, ТВ, WI-FI, клима уред (користењето е вклучено во цената).

ПОПУСТИ:

7% за уплата на два или повеќе поврзани термини

30% за целосна уплата на BLACK FRIDAY

25% за целосна уплата во ДЕКЕМВРИ

20% за целосна уплата во ЈАНУАРИ

15% за целосна уплата во ФЕВРУАРИ

10% за целосна уплата во МАРТ

5% за целосна уплата во АПРИЛ

Горенаведените попусти не можат да се комбинираат

Цените се дадени по лице, за минимум две платежни лица за 7 ноќевања, со вклучен автобуски превоз, по курс од 1€ = 61.8 ден

- За аранжман со сопствен превоз се одобрува 15€ од вкупната цена по лице

- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот

 

Сместување:

 - Трето, четврто, петто и шестто лице или деца над 6 год. имаат бесплатно сместување во 1/2+1 студио, 1/4, 1/5 и 1/6 апартман, плаќаат само превоз 15€

 - Едно дете од 2-6 год. може да се смести бесплатно во кревет со родител во 1/2 и 1/2+1 студио или 1/4, 1/5 и 1/6 апартман (плаќа само превоз 15€) со добиено одобрение од агенцијата и сопственикот на објектот

 

Превоз:

 - Секој петок поаѓање од Битола во 03:30 час. враќање во времето одредено од пратителот на групата

 - Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да минува автобус

 - Цена за само автобуски превоз на наведените термини изнесува 15€ по лице

 - 5€ доплата за пакет аранжман по лице од Охрид, Струга, Кичево, Прилеп и Ресен

 

Напомена:

 - За резервација со попуст, потребна е аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 50% од износот треба да се доплатат додека трае месечниот попуст

 - При промена на име и презиме, број на патници или термини, попустите дадени во дадениот месец нема да важат, односно ќе важат цените во периодот кога ќе се изврши промената

 - Задолжително е здравствено и патничко осигурување

 - Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и бројот на искористени денови за престој во ЕУ.

 - Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода.

 

Куќен ред:

 - Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 13:00 часот

 - Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.

 - При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.

 - Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.

 - Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.

 - Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите.

1/1

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување