ИСТАНБУЛ |3 ноќи|

1 ден (среда – 06.03.2019): ОХРИД – БИТОЛА 

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи.

 

2 ден (четврток – 07.03.2019): БИТОЛА 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија со претставник од агенција. Околу пладне сместување во хотел. Слободно време за одмор или индивидуални прошетки. Во попладневните часови, факултативна посета со локален водич, на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула со брод и плоштадот Таксим со малите улички од калдрма. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (петок – 08.03.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот поаѓање за факултативна посета со стручен локален водич на втората по големина џамија во Истанбул, џамијата на Сулејман Величенствениот, каде воедно се наоѓаат гробниците на Султан Сулејман и Хурем Султан. Понатаму екскурзијата продолжува со посета со влезница на Базилика Цистерна. После пладне враќање во хотел, слбодно време за одмор или индивидуални прошетки. Во вечерните часови, организирана, факултативна турска вечер со мени и традиционална шоу програма. Враќање во хотел. Ноќевање.  

 

4 ден (сабота – 09.03.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативен повеќечасовен пешачки разглед на значајните места низ Истанбул: Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Разгледот продожува со посета на Чаршијата на зачини и пауза за ручек покрај море на Галата Мост. Потoа следувa посета на плоштадот Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи – Палатата на султаните (без влезници), Сината Џамија. После пладне враќање во хотел. Слободно време за одмор. Во доцните попладневни часови поаѓање за факултативна посета на две од маалата популарни за вечерни излегувања – Кадикој и Ортакој. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.

 

5 ден (недела – 10.03.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Понатаму продолжуваме со посета на Цариградската Патријаршија со стручен локален водич. Продолжување на факултативниот излет со посета на едно од најромантичните места во Истанбул: Pierre Loti видиковецот. Пауза за кафе со Златен Рог на дланка. Посета на трговскиот центар Форум и можност за посета на аквариумот. Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови.

 

6 ден (понеделник – 11.03.2019): БИТОЛА – ОХРИД

Пристигнување во Битола во утринските часови. Трансфер за патниците од другите градови. 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.940,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*

  • Посета на трговски центар Форум

  • Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Такисм, Ускудар и Девојачката Кула на Босфор – 15€

  • Разглед  со водич на знаменитостите на Истанбул (Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи, Сината Џамија, Чаршијата на зачини, Галата Мост и Галата Кула со влезница) – 20€

  • Посета на џамијата Сулејмание и Базилика Цистерна – 15€

  • Посета на Кадикој и Ортакој – 15€

  • Крстарењето со брод по Босфор со локален водич и  посета на Pierre Loti – 20€

  • Турска вечер – 30€

  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување