ИСТАНБУЛ (2 ноќевања)

1 ДЕН  (петок – 17.04.2020): СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.    

 

2 ДЕН (сабота – 18.04.2020): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН (недела – 19.04.2020): ИСТАНБУЛ 

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе  покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

4 ДЕН (понеделник – 20.04.2020): СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  

Султански Истанбул + крстарење по Босфор. Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии...  За крај, ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ДЕН (вторник – 21.04.2020): СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.900,00 денари – за УПЛАТА до 15.02.2020

Редовна цена на аранжманот: 6.140,00 денари


 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул - Скопје

* Сместување во хотел 3*  / 2 НП

* Пратител на програматата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Факултативни Излети:

* Панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра

* Крстарење по Босфор – 20 евра

* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра

* Отомански - Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра

* Влезници за  музеите: 

- Топ Капи – 15 евра

- Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 20 евра

- Харемот во Топ Капи – 10 евра

* Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра

* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –40 евра

* Патничко осигурување (без франшиза)

* Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

 

*** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи

 

*** Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари 

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: Св. Климент Охридски бр. 37

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook Clean
  • Instagram Clean