ИСТАНБУЛ

ДЕН 1 (09.12.2021 / четврток): ОХРИД – БИТОЛА – ИСТАНБУЛ

Организиран трансфер за патниците од Охрид. Состанок на групата во Битола кај Спортска Сала, во 16:15 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Ноќно возење.


ДЕН 2 (10.12.2021 / петок): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: Римскиот Аквадукт, Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, Чамлиџе, Ортакој. Сместување во хотел. Потоа посета на Сулејмание и Капали чаршија. Ноќевање.

ДЕН 3 (11.12.2021 / сабота): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот посета на:Хиподром, Света Софија, Сината џамија-најголема и најпозната џамија во Истанбул. Факултативна посета на палатата Долмабахче- која служела како главна резиденција на султанот, Watergarden – трговски центар препознатлив по шоуто на вода, светла, музика. Враќање во хотелот. Ноќевање.

ДЕН 4 (12.12.2021 / недела): ИСТАНБУЛ – МАКЕДОНИЈА

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот, посета на Мисир чаршија. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум… Тргнување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.


 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.900,00 денари

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел со 3*** на база 2 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Посета на Аја Софија, Сина Џамија
- Посета на трговски центар Forum
- Панорамски разглед на Истанбул
- Тест за враќање
 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Крстарење со брод по Босфор – 15 евра
- Посета на Долмабахче и Watergarden – 35 евра
- Доплата за 1/1 соба 30 % од вредноста на аранжманот
- Задолжително КОВИД патничко – здравствено осигурување

 

Напомени: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на одделни програми

press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
press to zoom
1/1