8-ми СЕПТЕМВРИ - ИСТАНБУЛ

1 ден (четврток – 07.09.2017): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 17.30 часот. Поаѓање за Турција во 18.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (петок – 08.09.2017): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови... панорамски разглед на градот со професионален водич... плоштадот Таксим, Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Хиподромот, Долмабахче сарајот, Фенербахче, Султан Ахмет (сината) џамија, мостовите на Босфор (врската меѓу Азија и Европа), Чамлиџе... Околу пладне - сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија. Во вечерните часови факултативна организирана турска вечер. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 09.09.2017): ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на Аја Софија (Света Софија), едно од најмонументалните зданија на Христијанската вера, конструирана како базилика во VI-от век од Царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – Палатата на султаните, заедно со ризницата, посета на Сината џамија – едно од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6 уникатни минариња изградени во името на султанот Ахмет, како и Хиподромот. Во вечерните часови можност за посета на плоштадот Таксим. Ноќевање.

4 ден (недела – 10.09.2017): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Посета на Цариградската Патријаршија. Во пладневните часови заминување за посета на трговскиот центар. Поаѓање за Битола во доцните попладневни часови.  

 

5 ден (понеделник – 11.09.2017): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови.

 

Цена на аранжманот:  4.580,00 денари 

Услови на плаќање:

30 % од износот при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, 5 дена до поаѓање.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*

  • разглед на Истанбул со стручен локален водич

  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Аја Софија заедно со Топ Капи Палатата и нејзината ризница (влезница со стручен водич + слушалки за Аја Софија кои се задолжителни) – 30 € по лице

  • Вечера во со комплетна програма и мени – 30 € по лице

  • Крстарењето со брод по Босфор со стручен водич – 15 € по лице

  • Патничкото осигурување

  • Билети за метро (1,5€ евра по лице, во правец)

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ.

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување