8-ми СЕПТЕМВРИ - ХРВАТСКА, МЛИНИ

МЛИНИ е место, кое е во изобилие на мирисни паркови, чисто море, убави плажи, а близината од 5 км. на Млини до Дубровник и до Цавтат - го прават бисер на Дубровничкото крајбрежје  и атрактивно место за одмор.

 

1 ден (среда – 06.09.2017) ПРИЛЕП - МЛИНИ:

Поаѓање од пред агенција  во 20.00 часот со туристички автобус, преку Албанија и Црна Гора. (Будва, Тиват со траект).

2 ден (четврток – 07.09.2017) МЛИНИ:

Пристигнување во Млини во утринските часови, сместување во апартмани. Попладне време за капење. Ноќевање.

3 ден (петок – 08.09.2017) МЛИНИ - ДУБРОВНИК:

Време за капење. Вечерта факултативен излет до Дубровник со прошетка низ стариот дел на Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св. Влах, Дубровачката катедрала итн... Враќање во Млини. Ноќевање.

4 ден (сабота – 09.09.2017) МЛИНИ - ЦАВТАТ:

Слободно време за капење. Вечерта факултативен  излет до Цавтат. Враќање во Млини. Ноќевање.

5 ден (недела – 10.09.2017) МЛИНИ - МАКЕДОНИЈА:

Слободно време за капење. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови на 11.09.2017г.

 

Цена:  4990,00 денари, во 1/2 соби-студија и апартмани

 

Деца со родители  од 4 до 14 г. = 3400 ден.(во 1/3,1/4 соби)

Во цената е вклучено:

- автобуски превоз на дадената релација

- 3 нокевања во 1/2,1/3 и 1/4 студија и дуплекс апартмани 1/2 +1/2 во Млини, во вила ”Марија”, “Власиќ” , “Анка” и други, на  100-200 м. од плажа, опремени со кујна, купатило,тв ...

 - организација на патувањето

Во цената не е вклучено:

- патничко здравствено осигурување

- вечерен излет до Дубровник - 2.5 евра (децата гратис)

- вечерен излет до Цавтат - 2.5 евра (децата гратис)

- влезници за културно историските споменици

                  За хигиената во студиата за време на престојат се грижат самите клиенти.

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ИНТЕР ТРАВЕЛ и СКТМ

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:

Адреса: ул. Св. Климент Охридски бр. 37 - Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965

Е-пошта: intravel@t.mk

  • Facebook - Grey Circle

Следете ја нашата фејсбук страна

Општи услови за патување