top of page

HOTEL SILEKS 4*

ПОЛОЖБА:
Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле.
СМЕСТУВАЊЕ:
Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м. Сите соби се со приватна бања и туш кабина, фен, посебен клима уред, мини бар, сеф, сателитска телевизија, балкон со прекрасен поглед спрема шума и прекрасното Охридско езеро. 

УСЛУГА:
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:  
Главен ресторан, лоби бар, бар на базен, телефон, интернет, рент а кар, wi - fi интернет во целиот објект, организација на различни екскурзии во соработка со нашата агенција. Одлични конгресни и семинарски сали, за одлично организирани настани.

ПЛАЖА:
Плажата од хотелот е одалечена само 30м, приватна плажа во сопственост на хотелот. Песочна и камчеста плажа, опремена со лежалки и чадори. До плажата се оди преку пат. Лежалките и чадорите околу базенот се бесплатни.

СПОРТ И ЗАБАВА:
Надворешен базен за возрасни и деца, фитнес центар, детско игралиште. Се доплаќа: масажа. 

SILEKS.png

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНИТЕ:

  • Собите се достапни по добиено барање

  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари.
Авансно плаќање по фактура.

bottom of page