HOTEL DESARET 3*
Локација: Хотел Десарет 3* се наоѓа во туристичката населба Пештани, оддалечен 12км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид - Св. Наум. Комплексот на хотелот е изграден во стилот на традиционалната Охридска архитектура од 19-тиот век и се простира на самиот брег на Охридското езеро, опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на традиционалното и модреното опкружување.
Капацитет: 200 двокреветни соби со опција за додавање помошен кревет, 11 стандардни апартмани, 18 апартмани во 9 засебни вили со спална, дневна и кујна во рамки на комплексот Десарет.
Услуги: ресторан со капацитет до 600 седишта, бар, конференциски сали со капацитет од 30 до 500 седишта, спортски терени за мал фудбал, кошарка, тенис, ракомет и одбојка, сопствена куглана, маси за билјард и пинг-понг, плажа со бар, базен за возрасни и базен за деца во чии склоп има на располагање бар, wi-fi интернет.

Цените се дадени во €, на ден. Плаќање во денари 1€=61,8 денари
Доплати и попусти:
- Деца до 12,99 год. - БЕСПЛАТНО
- Доплата за дополнителен оброк: 5 евра по лице, на ден
- Туристичка такса, вклучена во цената
ПРОМОТИВНИ ПАКЕТИ:
8 дена/7 ноќи (ПОЛУПАНСИОН) = 149 евра по лице, во двокреветна соба
*Еднокреветна соба: + 30%