top of page
61015550.jpg

HOTEL AMIRA 5* - Bansko

Хотелот „Amira“ е луксузен бутик хотел со 5*****, расположен во подножјето на Пирин планина во Банско кој се наоѓа во непосредна близина на жичарницата. Хотелот располага со петнаесет едноспални апартмани од кои два се ВИП, единаесет студија и пет двокреветни соби. Постои можност просториите да се комбинираат на различни начини: студио со двокреветна соба, едноспален апартман со двокреветна соба и студио со едноспален апартман.

Има три ресторани: класичен ресторан со деведесет места во кој се нуди висок комфор, богата листа на вина и уникатна комбинација на најдобрите спацијалитети од локалната и глобалната кујна. Потоа тераса кон ресторанот со дваесет и четири места, лоби бар до дваесет и осум места и пријатен камин и ВИП салон со дваесет места наменет за релаксација.

Модерниот спа центар располага со две кабини за масажа, спа терапии и козметички процедури, релакс соба, финска сауна, панорамна инфрацрвена сауна со хималајска сол, парна бања, џакузи, внатрешен базен со зона за хидромасажа и  детски внатрешен базен. За своите најмали гости хотелот има организирано детско катче за слободна игра и зона за креативни работилници.

Hotel Amira 5* - BANSKO

AMIRA BANSKO.png

ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ:
Адреса: Бул. Македонски Просветители бр.3

6000 Охрид

Телефон: + 389 46 265 033

Мобилен: + 389 70 232 965 (Viber & WhatsApp)

Е-пошта: intravel@t.mk

Skype: intertravel-ohrid

  • Facebook
  • Instagram
bottom of page